“Пат на Марс
Ние всушност тргнавме за Германија, мојот сопруг најде таму работа и требаше да имаме заедно со Нина и Дарин нов почеток, но…следниот ден стигнавме на Марс. Да, да, друга планета ти е кога непознаваш никој околу тебе, ти зборуваат на јазик кој едвај го разбираш, а згора на се си во болница на интензивна нега каде лежи твое дете со апарати за дишење и во вештачка кома. Не само Марс, тоа е пекол. Ова е само една реченица од тоа што нас ни се случуваше, а за кое може да се напишат неколку тома.
Знам дека има и многу други луѓе кои се наоѓаат или ке се најдат во ни малку завидна ситуација. Знам дека помислувате дека кога ке подадете рака сте направиле добро дело и така е, впрочем тоа Ваше добро дело незнаете колку му значи на некој на кој во моментот му е толку потребно…многу многу пати повеке. Секојдневно сме благодарни и помислуваме на сите оние кои се одкажале да купат некое кафе, оброк или многу многу повеќе и ни донирале нам. И не мислам само на пари, со секој збор, поддршка, порака ни беше дарувана сила и енергија да бидеме уште поистрајни. Денес и покрај тоа што за митохондријални болести, во кои спаѓа нашата, не постои лек, се обидуваме да бидеме стабилни и да му се радуваме на денот, контактираме со луѓе како нас од цел свет со цел да споделиме искуствата и да подигнеме свесност за болеста со цел да се пронајде лек и да се спречат страдања на илјадници деца и возрасни кои патат од истата болест. Истотака се радуваме кога можеме ние самите на некој да му помогнеме. Верувам во добра мисла и добро дело и верувам дека тоа не прави луѓе. Во Македонија луѓето не се навикнати да имаат многу, но знаат и тоа што го имаат да го поделат, кој колку има и колку може…сепак кога тагата се дели се намалува, споделена среќа е поголема среќа. Ви благодариме од се срце за Вашата подршка!
Со почит
Нина и Дарин,
Тања и Блашко Димковски”
*Завршениот Aпел за помош на Нина и Дарин Димковски
http://www.donacii.mk/baram-pomos/zavrseni-apeli/apel-za-pomosh-na-nina-i-darin/
1 коментар