За социјална помош

Како да го остварите правото на социјална помош?

1. Кој има право на социјална помош?

– Право на социјална парична помош има лице способно за работа и домаќинство, материјално необезбедено и кое според други прописи не може да обезбеди средства за егзистенција. Како домаќинство законот подразбира заедница на членови на семејството и други роднини меѓу кои не постои законска обврска за меѓусебно издржување, кои заеднички придонесуваат, стопанисуваат и трошат. Лице кое е на издржување на казна затвор подолго од 30 дена или сместено во згрижувачко семејство во установа за социјална или друга установа со решение на центарот за социјална работа, не се смета за член на домаќинството за тој период.

2. Постапка и начин на остварување на правото и потребна документација

Подносителот на барањето за остварување на право на социјална парична помошдо Центарот за социјални работи на подрачјето на кое има живеалиште, за себе и членовите на домаќинството приложува:

  • фотокопија на важечка лична карта за државјани на Република Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, фотокопија од лична карта за признат бегалец или фотокопија на лична карта за лице под хуманитарна или (односно) супсидијарна заштита;
  • фотокопија на извод од матичната книга на родените;
  • фотокопија на извод од матичната книга на венчаните;
  • фотокопија на извод од матичната книга на умрените (матична служба при Министерството за внатрешни работи);
  • фотокопија на пресуда за развод на брак;
  • уверение дали лицето е даночен обврзник од имот или приходи;
  • имотен лист од катастар;
  • потврда за остварени приходи од плата во Република Македонија или странство;
  • потврда за корисник на пензија (остварена во република Македонија или странство);
  • потврда од Агенција за вработување на Република Македонија, за невработени членови во семејството;
  • потврда за поседување регистрирано моторно возило кое не го отуѓил во последните шест месеци пред поднесување на барањето, возило употребливо за комерцијални цели (комбе, автобус, камион, такси);
  • Исто така подносителот на барањето со писмена изјава пред Центарот потврдува дали остварува и други приходи (од привремена работа во странство, штеден влог и камати од заштеди, поседување и приходи од хартии од вредност).

3. Висина на правото

Висината на социјалната парична помош за носителот на правото изнесува 2.140 денари. За секој следен член на домаќинството основицата се зголемува за коефициент 0.37, а најмногу до пет члена:

  • за двочлено домаќинство 2.979 денари
  • за тричлено домаќинство 3.783 денари
  • за четиричлено домаќинство 4.585 денари
  • за петчлено домаќинство 5.393 денари

Повеќе информации може да добиете на следниот линк на страницата на Министерството за труд и социјална политика http://www.mtsp.gov.mk/uslugi-ns_article-socijalna-paricna-pomosh.nspx