За страницата

Општо за страницата

– Оваа страница е дел од активностите на членовите на Здружението Хуманост Без Граници (повеќе информации на www.humanostbezgranici.org.mk). Доколку сакате да се зачлените во нашето Здружение, посетете ја следната страница: www.humanostbezgranici.org.mk/clenstvo/

Хуманост без граници

– На оваа страница се објавуваат информации за сите активни акции за донирање средства на луѓе кои имаат потреба од помош.

– Објавените постови се превземени од: други интернет страници, страници на социјалните мрежи, печатени и електронски медиуми, информации добиени преку емаил адреса итн.

– Објавуваме апели за помош кои содржат телефонски броеви за донирање. Доколку нема телефонски броеви за донирање апелот треба да содржи информации за контакт за да биде објавен.

– Ние не одговараме за точноста на објавените податоци. Секоја грешка во пренесувањето на информациите е ненамерна.

 

Како може да помогнете

Секој начин на помош е добредојден.

– Доколку знаете за некој апел за помош или хуманитарна акција која не е објавена на страницата, пишете на е-маилот mail@donacii.mk и истата ќе биде објавена.

– Доколку имате облека, обувки, пакет храна, предмети и апарати за домакинство, играчки, книги..се што мислите дека може некому да му е потребно а вам веќе не ви треба, пишете ни а ние ке го објавиме на нашиот сајт www.donacii.mk и на нашиот facebook профил. Дополнително, потребна ке ни биде и ваша емаил адреса и телефонски број, кои ке можеме да ги дадеме на сите оние луѓе кои сметаат дека вашата донација ке им биде од потреба за да ве контактираат.

– Секој може да помогне на некаков начин. Помогнете како што можете. Еден начин за помош е преку проширување на апелите за помош преку социјалните мрежи. Така можете да се поврзете со нас преку: фејсбук фан страницата (www.facebook.com/donacii), твитер профилот (www.twitter.com/donacii) и преку RSS каналот на оваа страница (www.donacii.mk/feed/).

-Исто така можете да помогнете со поставување на банер на Вашата страница/блог. Со ширењето на овој банер се зголемува и можноста за побрзо прибирање на потребните средства. Доколку сакате да го поставите банерот, вметнете го следниот код во Вашата страница:
<a href=”http://donacii.mk/” target=”_blank” ><img height=”95″ width=”280″ src=“https://www.donacii.mk/wp-content/uploads/2017/05/donacii.png” alt=”Страница за донации” title=”Страница за донации” style=”display:block;margin:0px auto 10px;  text-align:center;”  /></a>

Проверка на податоците

Доколку сме во можност, ги проверуваме и потврдуваме контакт информациите и/или трансакциските сметки на апелите за помош. За отворените донациски броеви, одговорни се мобилните оператори.

 

Превземање на апелите за помош

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Превземањето и споделувањето на написите и информациите на оваа страница се врши врз основа на следната лиценца:

Лиценца Криејтив комонс
This дело by www.donacii.mk is licensed under a Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-СподелиПодИстиУслови 2.5 Македонија License.