Активни броеви за донирање (*), по мобилни мрежи:
Од мрежата на Телеком:
070143173- Билјана Костова од малечка боледува од церебрална парализа. За да се подобри нејзината состојба , потребно е да замине на третман со матични клетки во Русија. Семејството не е во можност да ја покрие сумата која е потребна. Третманите со матични клетки не се покриени од фондот за здравство затоа што станува збор за алтернативно лекување. Да помогнеме ние!
070143303-да му помогнеме на Никола Новоселски. Тој треба да замине на лекување со матични клетки во Русија. Тој веќе николку години по тешката сообраќајка не може да стои на свои нозе и да зборува. Семејството не може само да ја обезбеди сумата. Третманите со матични клетки не се покриени од фондот за здравство затоа што станува збор за алтернативно лекување.
070143124- Цена Димкоска има обструктивна белодробна болест и хронична респираторна слабост. Поради животнозагрозувачка состојба, Цена е сместена на КАРИЛ. На семејството му се потребни средства за набавка на апаратура за асистирана вентилација со цел лекувањето да продолжи во домашни услови. Сумата која е потребна е 11.032 евра.
070143115– Ирена Танчева на 27-ми април 2017-та година имаше сообраќајна несреќа и беше правена операција на вратната кичма (5ти и 6ти пршлен) и сега е неподвижна. Таа треба да замине на третман со матични клетки во Русија, во Москва, по кој семејството се надева дека таа ќе може да застане на свои нозе. Сумата која е потребна се 7000 евра. Третманите со матични клетки не се покриени од фондот за здравство затоа што станува збор за алтернативно лекување.
070143114- Марга Велевска боледува од церебрална парализа. Таа има веќе неколку третмани во клиника во Русија кои придонесоа до подобрување на нејзиното здравје. Следниот третман чини 6125 евра, сума која таа може да ја обезбеди само со наша помош. Третманите со матични клетки не се покриени од фондот за здравство затоа што станува збор за алтернативно лекување.
070143155– Пред една година 21-годишниот струмичанец, Стојче Јовановски имаше тешка сообраќајна несреќа проследена со повреда на ʹрбетот, поради што не може да ги движи нозете. Потребна е терапија (три третмани по 5.500 евра). со вклучена физикална терапија (три третмани по 3.000 евра), која треба да ја прими во рок од сто дена во Србија, со надеж дека Стојче повторно ќе застане на нозе,. Третманите со матични клетки не се финансирани од фондот за здравство затоа што станува збор за алтернативен начин на лекување.
070143191- Ивица Стрезовски боледува од Атаксија, атрофирање на мускулите, и има проблем со движењето. Тој поради прогрес на болеста треба да замине на третманс о матични клетки во Русија, за што се потребни 35000 евра, Заминувањето би се реализирало по отворањето на границите. Третманите со матични клетки не се покриени од Фондот за здравство поради тоа што станува збор за алтернативно лекување. Да помогнеме
070143111 – Joвана Станковска треба да замине на третман со матични клетки во Кина. Таа боледува од церебрална парализа и семејството смета дека со овој начин на лекување ќе се подобри нејзината состојба. Третманите со матични клетки не се покриени од фондот за здравство затоа што станува збор за алтернативно лекување. Да помогнеме.
070143135- Ангела Петреска боледува од церебрлана парализа. За подобрување на нејзината состојба треба да замине на лекување соматични клетки на клиника во Чуприја,, Србија. Сумата која е потребна е преголема за нејзиното семејство. Третманите со матични клетки не се покриени од фондот за здравство затоа што станува збор за алтернативно лекување. Да помогнеме.
070143137- Kире Ангелевски боледува од мултиплекс склероза. За подобрување на неговата состојба потребно е да замине на третман со матични клетки во Швајцарија, Сумата која е потребна се 21658 евра. Третманите со матични клетки не се финанисрани од Фондот за здравствено осгурување, бидејки станува збор за алтернативно лекување.
070143109- Jовица Блажевски боледува од церебрална парализа. По повеќето третмани со матични клетки тој треба да замине на нов третман во клиника во Русија, за што се потребни 6201 евра. Третманите со матични клетки не се финанисрани од Фондот за здравствено осгурување, бидејки станува збор за алтернативно лекување.
070143136- Томе Јанев има 29 години и Аsl, болест на моторниот неврон. За подобрување на состојбата тој треба да замине на повторни третмани со матични клетки во болницата „Неуровита” во Москва, Русија, за што му се потребни 6978 евра. Третманите со матични клетки не се финансирани од Фондот за здравствено осигурување бидејки станува збор за алтернативно лекување.
070143140– да и помогнеме на Наташа Велеска. Наташа е самохрана мајка која од 2017 година се бори со карцином на желудникот. Но цитостатиците кои ги прима веќе не делуваат, Таа самостојно решава да го продолжи лекувањето во болницата Memorial Hospital во Турција, каде лица со сличен проблем имаат успех во лекувањето.
070143103- Слободан Попов има тумор на потокленицата кој е во интензивен раст. За да се избегне ампѕтација, семејството на своја иницијатива решава да замине на онко-хипертермиска терапија и хемотерапевски третмани во Солун, кои чинат 21.000 евра. Да помогнеме.
070143444– младиот Незир Чајани по пад на карпа има тешка повреда на рбетот и е парализиран. Третманите и лекувањето по барање на одителите се одвиваат во приватната болница „Жан Митрев” во Скопје. Сумата која е потребна за истите е 17800 евра. Да помогнеме.
070143171-Потребни се средства за лекување на Валентина Наунова од Свети Николе. Лекувањето е со матични клетки и треба да се изврши во Русија. Сумата која е потребна не е покриена од Фондот за здравствено осигурување затоа што станува збор за алтернативно лекување.
070143121– да и помогнеме на Лидија Ристевска, која боледува од мултуплекс склероза Таа треба да замине на нов третман на клиника за роботика во Србија. Третманот чини 5800 евра, сума која семејството не може само да ја обезбеди. Третманите не се финансирани од Фондот за здравствено осигурување зошто станува збор за алтернативно лекување.
070143108– да му помогнеме на Методи Митев. Боледува од параплегија, и веќе подолго време е во инвалидска количка. За подобрување на неговата состојб апотребно е да замине на третман со матични клетки во Кина, но сумата од 17000 евра и дополнителни средства за превоз и престој на придружник е преголема за да ја покрие сам. Третманите со матични клетки Фондот за здравство не ги покрива, затоа што станува збор за алтернативно лечење. Да помогнеме!
Од мрежите на A1:
* Сите наведени активни броеви се превземени од страниците на мобилните оператори. Секој број важи доколку се бира од соодветниот мобилен оператор. Со секој повик се донираат 100 денари.
Последно ажурирано на 03.05.2020 година.