“Уште пред 4 години ми откажаа двата бубрега, па морав да почнам со дијализа. Многу мачна работа. Трипати во неделата, по четири часа, врзан за машина. Голем шок и разочарување беше тоа и за мене и за моето семесјтво. Но тоа е што е.
Во меѓувреме барав начини и места каде можам да го решам мојот здравствен проблем. Но за сите клиники во странство ми беа потребни материјални средства. Се обратив до хуманите луѓе и организации, кои веднаш ми излегоа во пресрет, со отворање на донациски броеви, преку апели за помош, делење флаери…
Мене ми беа потребни 50000 евра за да можам да направам Трансплантација во Русија, зошто во тој период во Македонија не се правеа трансплантации од кадаверик. Собирањето на средствата одеше малку потешко (не знам од кои причини, но мислам дека нашиот народ живее со некои предрасуди за нецелно трошење на донираните средства). Но не е така. Секој денар е добредојден, тоа го знаат само оние кои имаат мака..
Како и да е. Јас не успеав да ги соберам средствата кои ми беа потребни за трансплантација во Русија. Во меѓувреме во Македонија се донесе законот за Кадаверична трансплантација, и со парите кои успеав да ги соберам преку донации сега ги правам сите потребни испитувања.
Сакам да ги пофалам сите хумани граѓани и институции и здруженија, голема благодарност до нив за нивната голема хуманост. Има хумани луѓе, кои сакаат да помогнат, кои се чесни, секому знаат да излезат во пресрет онолку колку се во можност, без разлика на возраста на оние кои бараат помош.
Она што сакам да го кажам на крај е следното: Донирајте, луѓе. Со вашите донации се спасуваат човечки животи. Не е важна сумата која се донира, никој нема да ви замери. Но денар по денар, се собираат парите. И тие некому многу му значат и ќе ви биде благодарен за цел живот”
*Завршениот Апел за помош на Марјан Миланов:
http://www.donacii.mk/baram-pomos/zavrseni-apeli/apel-za-pomosh-na-marjan-milanov/
“
Објави мислење