Филип Михајловски-јунакот чиј сон се исполнува

37

“Пред  една година и осум месеци Филип Михајловски, при скок во вода , го повреди седмиот вратен пршлен и остана парализиран од половината надолу…Од тогаш започна неговата борба да се исправи и пак да зачекори…

Пријателите, роднините, пријателите на пријателите, роднините, буквално сите се мобилизираа за да му помогнат во остварувањето на неговиот сон..Сите помагаа во собирањето на финансиските средства кои беа потребни за опоравување, рехабилитации, третмани и се што се препорачува при третирање на вакви тешки повреди..

Многу граѓани на нашата земја му помогнаа на Филип и преку донациските броеви кои се отворија, со посети на хуманитарните настани, меѓу кои и два фудбалски турнири…Се организираше концерт со помош на Македонската Естрада, со помош на Маја Платнар-неколку успешни базари, неколку театарски претстави, се вежбаше пилатес…

Страната на фејсбук ОД СРЦЕ ЗА ФИЛИП како и Сител Телевизија која со својот прилог за Филип собра над 15000 гледачи, одеа во чекор со секој напредок  на Филип. Во чекор со сите настани.

Со помош на сите кои најдоа време да ја слушнат приказната за Филип и да помогнат се собраа пари за успешната рехабилитација во странство која заврши со подобрување. По враќањето назад, Филип продолжи со вежби во  домашни услови.

Сакаме да изразиме длабока благодарност до сите кои на било кој начин му помогнаа на Филип да го исполни својот сон. Имаме уште многу до комплетно исправување, но знаеме-дека не сме сами”

-Стефка Блажевска-Тушевска

роднина на Филип Михајловски

 

*Апелот за помош кој заврши успешно за Филип :

http://www.donacii.mk/baram-pomos/zavrseni-apeli/apel-za-pomosh-na-filip-mihajlovski/

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење