-интерју на Даниел Митков, човекот кој успеа со помош на
хуманите луѓе да ја врати вербата за подобро здравје,
за својата борба и достигнувања, за www.donacii.mk
“Пред четири години доживеав тешка сообраќајна незгода и се здобив со тешки телесни повреди. Останав парализиран во нозете и оттогаш живеев врзан за инвалидска количка.
По некое време добив информација дека во Кина има третман со матични клетки, кој може да ме застане на нозе. Тогаш започна мојата борба за собирање средства, која траеше 9 месеци. Отворив донациски броеви на мобилните оператори, каде граѓаните донираа по 100 денари, организиравме хуманитарни концерти, изложби, фудбалски натпревари…Не мирувавме, ни јас ни моите пријатели, додека потребната сума не се собра.
Со помош на хуманите граѓани јас успеав да ја соберам потребната сума и да заминам во Кина. Сега ми останува период на интензивни вежбања и се надевам на се поголеми резултати.
Сакам да се заблагодарам на сите хумани граѓани кои излегоа во пресрет на мојот апел за помош и безрезервно ме поддржаа. Сите оние добри луѓе кои донираа, кои доаѓаа на забавите за моја поддршка, сите кои учествуваа во натпреварите…сите тие луѓе кои одвоија од своето време и средства за да ми помогнат на мене. Со нивна помош јас успевам да го остварам својот сон- да имам ЗДРАВЈЕ.
Ви благодарам, неизмерно”
-Даниел Митков
*Успешно завршениот апел за помош за Даниел Митков е тука
Објави мислење