Биљјана Ангеловска „Виктор успеа да го оствари својот сон – неговите нозе да бидат исти“

4

Повеќе информации за затворениот апел за Виктор може да најдете ТУКА

Семејството Ангеловски се заблагодарува на сите донации и на сите хумани луѓе кои донираа, зошто без тоа немаше да можат да заминат на лекување.

Овие стории не прават среќни и ни дават желба да помогнеме. Благодарност до сите што донираа и овозможија Виктор да успее во својата борба.

„Пред 5 години Виктор доживееа тешка сообрачќајна повреда од камион . Се здоби со тешки телесни повреди на левата нога поради кои одлежа 6 месеци во болница.

Бидејки едвај успеаа да му ја спасат ногата се здоби со деформитет и скратување на ногата од 7 см. Претходната година на Виктор му беше укажано на скратувањето и деформитетот и му беше предлозен третман во Русија кој може да му помогне да ја исправи и да ја издолжи ногата.

За неговите 2 операции во Русија беа потребни 30 илјади евра кои ние како семејство неможевме да ги собереме ,поради тоа беа отворени донациски броеви на мобилните оператори каде граѓаните донираа по 100 денари , беше напишан и апел на страницата на „Донации„ ,беа организирани различни турнири и приредби, беше напишан и апел на страницата на „Донации„ …

Сакам да се заблагодарам на сите хумани граѓани кои излегоа во пресрет на нашиот апел за помош и безрезервно го поддржаа Виктор. Сите оние добри луѓе кои донираа, сите кои учествуваа на турнирите…сите тие луѓе кои одвоија од своето време и средства за да му помогнат на Виктор. Со нивна помош тој успеа да го остварам својот сон-неговите нозе да бидат исти . Неизмерно ви благодарам од се срце.“ – Биљјана Ангелоска – мајкат на Виктор – жена борец, жена со големо срце.

Тимот на Донации и сите хумани луѓе се пресреќни на ваквиот крај. Сите од се срце му посакуваме на Виктор нормално и среќно детство. Болката и борбата го прават човекот посилен. Виктор, ова младо момче успеа благодарение на хуманоста на добрите луѓе.

Да не застанеме тука, да донираме и да помогнеме.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење