Александар Галевски: “Хуманоста, сепак, и во ова денешно време-ПОСТОИ”

6

“Моето име е Александар Галевски, имам 31 година и од самото раѓање имав проблеми со видот.

Уште како мал ми беше дијагностицирана вродена болест на очите, катаракта или вродено перде на двете очи. На мои две години ми беше направена првата операција од вкупно четирите, по две на двете очи, кои беа извршени до 1996 година. По извршените операции докторите дијагностицираа дека мојот вид е изгубен за цели 93 %….

Во 2013 година отидов на лекарски преглед во Европската Очна Болница каде ми беше дијагностицирана уште една болест на очите, Витректомија со Склерална Фиксација. Ми препорачаа итно да направам операција на двете очи зошто постои можност и тој малку вид кој го имам да го изгубам. Средствата кои требаше да се уплатат беа големи за моето семејство.

Се обратив до Мобилните Оператори за донациски број, некои од нив ми излегоа во пресрет. Со помош на неколку страници на Фејсбук, и со помош на хуманите граѓани на оваа земја, успеав да ги соберам потребните средства. Со тие средства ми беа извршени 4 операции, по две на секое око. Благодарение на нив, добив уште една битка во мојот живот-битката за мојот вид…И сето тоа-затоа што Хуманите луѓе се тука ооколу нас. И затоа што-Хуманоста, сепак, и во ова денешно време-ПОСТОИ”

-Александар Галевски

 

*Апелот за помош кој заврши успешно за Aлександар :

http://www.donacii.mk/baram-pomos/zavrseni-apeli/apel-za-pomosh-na-aleksandar-galevski/

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење