Црвениот крст на Република Северна Македонија во своите простории на 03.03.2020 година во 11:00 часот организираше прес конференција каде Црвениот крст од денеска ја спроведува “Кампања за помош на предвремно родени и болни бебиња”. Со цел да обезбеди донација за одделот за Неонатологија при Универзитетска Клиника за детски Болести – Скопје. Средствата што ќе се соберат ќе бидат наменети за набавка на инкубатор за предвремно родени и болни бебиња сместени на Детската Клиника.
На самиот прес се обрати генералниот секретар на Црвениот крст д-р Саит Саити, сопругата на претседателот на државата Др. Елизабета Георгиевска и директорката на Детската Клиника Др. Наташа Најдановска Алулоска.
Поддржувач на “Кампања за помош на предвремно родени и болни бебиња” е сопругата на претседателот на државата Др. Елизабета Георгиевска.
Од денеска на располагање се и телефонските броеви за донации за корисниците на Македонски Телеком 143 400 и за корисниците на А1 Македонија 143 400 каде може со еден повик од било кој оператор да донирате 100 денари.
Заинтересирани лица и компании може да донираат и преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966.
———————————-
Извор: Црвен Крст, 21 ТВ
Фото: Видео презентација
Објави мислење