Хуманитарната организација „Свети Спас“

17

Хуманитарната организација на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА “Свети Спас” има за цел да им помогне на оние луѓе на кои им е потребна помош. Помошта се состои во храна, хигиенски производи, облека, обувки и т.н. Засега им помага на 140 семејства низ цела Македонија, на коишто континуирано, секој месец, им носат храна, хигиенски производи, облека и  друго.

Моментално се соочуваат со недостиг на храна и хигиенски производи !

Да помогнеме сите заедно!! Со нивна помош донациите  секогаш  одат  на вистинското место !!

Нивната работа можете да ја следите на нивната  Facebook  група: Хуманитарна организација “Свети Спас”

Сите хумани граѓани кои не се од Скопје можат да испратат  донации преку  http://www.kargoekspres.mk или  http://www.doma.mk .

Лице за контакт  Отец Оливер Петровски:    тел: 078 383 743

 

Сакате да помагате, но важно ви е вашата помош да оди  кај оние на коишто навистина им е потребна.
Поддржете ја хуманитарната организација „Свети Спас“ !!

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар