Да помогнеме сите, со она што го имаме!

12

Драги пријатели.

сега начинот да помогнете на оние кои имаат потреба од било каква помош е уште поблиску до вас.

Здружението “Хуманост без Граници” кое стои зад овој сајт ја отвора можноста да се помогне онаму е најпотребно во најкус можен рок. Сега сите можеме да помогнеме онаму каде помошта е најпотребна. Со тоа што го имаме.

Облека, обувки, пакет храна, предмети и апарати за домакинство, играчки, книги..се што мислите дека може некому да му е потребно а вам веќе не ви треба, пишете ни а ние ке го објавиме на нашиот сајт www.donacii.mk и на нашиот facebook профил. Дополнително, потребна ке ни биде и ваша емаил адреса и телефонски број, кои ке можеме да ги дадеме на сите оние луѓе кои сметаат дека вашата донација ке им биде од потреба за да ве контактираат.

Ние не можеме да му помогнеме секому, но секој може да му помогне некому. Ајде, да помогнеме заедно!

Вашите прашања и секако, понудена помош, може да ни ги испратите на mail@donacii.mk

 

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ХУМАНОСТА!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење