Апел за помош на бездомниците

25

Во овие претерано ладни зимски денови, преспивањето под отворено небо е невозможно, но за некои луѓе е наизглед единствено решение.

Затоа да бидеме “будни” и доколку забележиме бездомник кој е препуштен сам на себе, да го насочиме да оди да се пријави во некои од  пунктовите за бездомници.


 

ХУМАНИТАРЕН ПРОЕКТ ЗА ПОДРШКА И ПОМОШ НА БЕЗДОМНИЦИТЕ ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД

Покрај континуираната подршка на бездомниците, здружението „Љубезност“ посебно се залага за помош со постојани активности во зимскиот период во изминативе години. Оваа активност овојпат е подржанa од програмата на CIVICA MOBILITAS преку МЦМС.

Доколку имате информација за движење на бездомници, посебно во вечерните часови, ве молиме да не контактирате како би можеле веднаш да реагираме.

Контакт тел.: 078263792


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Пункт за бездомници Момин поток Скопје

Контакт тел: 02 30 96 227; 070 261 787


ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

Пријавете на бесплатниот телефонски број 15505


 

Превземено од Вистински дела на љубезност, sdk.mk, ВДЉ.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар