-Интервју на Валентина Јанкоска,
хуманитарец, борец за подобар свет за сите нас,
за www.donacii.mk
“Пред неполна година запознав едно мало, но прекрасно семејство. Скромно, составено од три члена, баба, мајка и една малечка кукличка, малечко девојче. Две те жени самохрани родители. Злобни, алчни луѓе ја искористиле нивната добрина. Заглавени во лавиринтот наречен живот, се трудат да преживеат….ден за ден.
Мајката со високо образование, нема работа…бабата болна, со куп дијагнози, малата кукличка има двои потреби кои мама и баба не можат да ги задоволат…
Јас сето тоа го видов со свои очи, но и размислив како можам д аим помогнам. Барем малку, да им ја ублажам состојбата. Не ме чинеше ништо да се обидам барем малку д апомогнам, јас сум таква родена, кога можам да помогнам….
Бидејку институциите ретко излегуваат во пресрет на вакви случаи, решив да се обратам до хуманите луѓе. Многу ме погодија зборовите “Утре малата има роденден, а ние немаме ни скршен денар….” Веднаш ми излезе пред очи сликата на малото сонце, роденден, а таа нема ни торта, ни играчки, ни подароци, ни забава..
Си помислив дека можеби јас можам да го израдувам малото сонце. Упатив апел до хуманите луѓе и на мое изненадување се јавија еден куп хумани луѓе, на кои сум им премногу благодарна. Сите кои ја понудија својата помош несебично и од срце. Направиви список и трнавме во мисија да направиме еден роденден. Попатно застанувавме за да купиме подароци, торта, кифлички..
Успеавме да го израдуваме малото девојче за нејзиниот роденден. Тоа беа емоции , солзи, радост, прегратки, Нивната радост и среќата во очите на малото сонце немаа цена. Не им се веруваше на нашите домакинки дека некој може да ги исреќи на ваков начин.
Моето срце е полно и мнојата совест чиста, направив едно хумано дело. Но, би требало сите да се запрашаме колку чини едно хумано дело.Потребно е само љубов, чисто срце, и она кое го имаме да го поделиме со оние на кои им е потребно.
Хуманоста е прекрасна особина и годра сум што ја имам. Не за себе, туку за оние на кои помошта им е најпотребна”
Објави мислење