Стефан Пејовски: “Хуманоста не познава граници”

5

 

Мал осврт на Стефан Пејовски за хуманоста во Македонија, волонтер кој волонтираше

во Младинската организација “Млади за Љубов”,  кои во рамките на своите активности

ја спроведуваа кампањата “Гратис Гушкање” и уште многу хуманитарни проекти,

како и проекти од културен, едукативен и социјален карактер.

 

Се прашувате како започнав? Што беше причината?
Одговорот е прост и едноставен, гушкањето. Да, да, гушкањето … Се сеќавам и ден денес, кога шетав низ плоштадот во Скопје, кога ми се појави една насмеана девојка која ми пријде со раширени раце и ми изговори “Гратис Гушкање“ и ме гушна J За кампањата знаев од претходно, имав читано и видено, но не знаев дека и кај нас е започната таа кампања. Следниот ден, прочепкав по интернет и дознав за кампањата “Гратис Гушкање“ дека е дел на младинската организација „Млади за Љубов“ и дека примаат нови волонтери. Веднаш испратив маил со потребните информации и чекав да бидам повикан на првиот состанок. Во меѓувремено на своите пријатели почнав да им кажувам дека ќе волонтирам и дека ќе бидам гушкач, реакциите беа очекувани. Едни ме поддржуваа, други се потсмеваа … но тоа не влијаеше на мојата замисла да бидам гушкач и да делам насмевки и прегратки на луѓето.

После 1-2 недели добив повратен маил, во кој бев поканет на состанок во еден од скопските кафулиња. Не ми беше сеедно, но се решив и отидов. Ме пречекаа четири насмеани лица, со кои брзо се спријателив, пријатели со кои и ден денес се дружиме. Ми објаснија за огранизацијата и за кампањата Гратис Гушкање, и за нивните цели за понатака. Не се колебав прифатив и заедно влеговме во една незаборавна авантура според мене, авантура којa максимално не исполнување и која нема никој до нас да ја заборави до крајот на својот живот.

Најпрвин гушкавме секоја втора сабота, на плоштадот во Скопје. Беше забавно, интересно, делевме насмевки и прегратки, полека почнаа луѓето да дознаваат за нашата кампања и да не поддржуваат. Па си рековме, зошто да не ја искористиме кампањата за хуманитарни цели, па веќе следното гушкање почнавме да делиме флаери со броеви за донации за луѓето на кои им беше потребна помош, да имаме кутија за донации и секогаш интересни работи со кои гушкањето го правевме да биде позабавно. Правевме хуманитарни забави, забави од кои не собиравме многу пари, но барем ги информиравме луѓето за помошта кои треба да ја пружат некому. Соработувавме со други организации, учествувавме во многу проекти, како од хуманитарен карактер, така и во проекти од културен, едукативен и социјален карактер.

Секогаш имавме пречки во исполнување на своите идеи, тешко се доаѓаше до број за донација на луѓето на кои им беше навистина потребна помош, потоа на тоа се надоврзаа некои нелуѓе кои искористуваа и објавуваа лажни броеви на донации, се со цел да се збогатат … работи кои за момент ги премислуваа хуманите луѓе, да донираат и помагаат на луѓето, плашејќи се да не погрешат во својата хуманост. Недоверба која и ден денес сеуште постои, за жал … Но, и покрај сите проблеми со кои се соочувавме никогаш не се предадовме, секогаш заеднички се спротиставувавме и бодревме меѓу себе, постоеше една хемија која не оддржаваше во тоа што го правевме, да им помогнеме на луѓето на кои им е потребна помош.

Главниот фактор кој не полнеше со енергија, беше љубовта пружена кон нас од луѓето на кои им помагавме, нивните насмевки и гушкања … детската радост. Работи кои не можат да се опишат, туку можат само да се доживеат. Затоа не размислувајте, бидете хумани, помогнете му на секој човек без размислување, наполнете си го вашето срце, а и срцето на другите, тоа е нешто бесценето!

Скратете си едно кафе во неделата и донирајте 100 денари, на некој што навистина му е потребна помош, бидејќи „Хуманоста не познава граници“ .

Повеќе за активностите на „Млади за Љубов“ може да најдете на нивната фан страна на facebook: https://www.facebook.com/mladizaljubov

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар