”
Се прашувате која сум? Верувајте ми дека и јас често пати си го имам поставено ова прашање за кое ми требаше многу време да го најдам вистинскиот одговор.
Мојата приказна навидум започнува како и сите останати приказни. Онаа, сега далечна пролет на свет дојде уште еден од многуте животи со кој судбината си поигра. Невино –мало девојче кое немаше никаков грев а сепак беше казнето. Како што поминуваше времето и колку повеќе раснеше така и прашањето беше се почесто:
– Зошто баш јас? Зарем Бог ме казнува за нешто на кое не се ни сеќавам? Дали се радувале на моето раѓање или би биле посреќни ако ме нема? Која ќе бев денес доколку бев без хендикеп?
Долго време овие прашања ми ја измачуваа душата. Ме болеше дури и самата помисла дека можеби сум извор на тага и дека можеби би биле посреќни ако ме нема.. морав некако да се спасам од сето тоа и така одлучив да се оперирам. После оперативниот зафат мојата состојба се подобри, веќе газев на цело стопало со десната нога а добив и поголема рамнотежа. Неколку месеци подоцна по препорака на мојата докторка заминав на бања кадешто ми беше укажана целосна грижа. Бев пресреќна што после толку труд од ден на ден бев се подобра и подобра, а и ме радуваше тоа што веќе ги отргнав таквите размислувања. Дека сите заедно се радуваме за успехот што го постигнав. Повеќе не си поставував такви прашања, дури и не знаев како сум можела да размислувам така.
– Се уште не знаете која сум јас?
Јас сум Марга Велеска,27 годишна девојка која боледува од церебрална парализа. Девојка која доби уште една шанса да се излекува. Бев пресреќна кога дознав за третманот со матични клетки во Русија и си помислив ‘ ЕВЕ ГО МОЈОТ СПАС “, но веднаш потоа се разочарав а и шансите да заминам во Русија ми се видоа многу мали кога ја видов сумата за лекувањето кое чини 21.000 евра. Знаев дека моето семејство не може да ми го овозможи лекувањето и затоа се откажав од таа идеја.
Некое време подоцна, по долго размислување се одлучив да стапам во контакт со клиниката Неуро Вита кои ми побараа да направам ЕЕГ снимки. Откако им ги испратив добив одговор од тамошните доктори дека не станува збор за голема повреда. Сфатив дека Бог ми даде уште една можност да се борам и да се излекувам. Подоцна од мои пријатели дознав повеќе за успехот од третманот и така започна мојата борба преку хуманитарни акции, со помош на моите пријатели, родители и роднини да дојдам до потребната сума. Речиси сум на чекор пред крајот да отпатувам во Русија, но за тоа ми се потребни уште 13.000евра. Станете дел од мојот сон и придонесете за среќен крај на мојата приказна. Да нема никакви пречки да станам успешна и како професорка и како писателка, а подоцна и како мајка, што е сон на секоја жена. За крај ќе ви изрецитирам дел од моето творештво, песна која е дел од мојата збирка со песни “ТИШИНА”.
НОВ СВЕТ
Кога солзата ме придизвикува
тогаш умот ми застанува
сега не сакам да знам ништо
сега сум во друг свет
небото ми е пријател
а ѕвездите мои сестри близначки.
Дали е тоа рај јас не знам
но друго не ми преостанува
јас сум птица со скршено крило
јас сум птица без зборови
јас сум срце со безброј порти
но со изгубен клуч.
Пријатели мои, помогнете ми заедно да го пронајдеме тој изгубен клуч со кој би се отвориле досега заклучените порти.
240107018707497, УНИ БАНКА
IBAN MK 07240107018707497. Uni Bank Skopje Macedonia.
“
Објави мислење