*
*Никола Јанев,
организатор на Хуманитарната акција за помош на поплавените на Балканот,
за www.donacii.mk ја раскажа приказната за идејата,
реализацијата на најголемата Донаторска Акција за помош изведена од страна на
Граѓаните на Скопје, која се одржа на Плоштад Македонија, на 18 мај 2014, и како Хуманоста се покажува на Дело.
“Искрено сеуште неможам да ги средам впечатоците од неделата. Сеуште мислам дека сонувам убав сон од кој несакам да се разбудам, но да , за среќа сонот е јаве.
Една идеа која започна како мало жарче за да се смени нешто во општеството прерасна во нешто големо, нешто за кое дозна цела Македонија, целиот Балкан, целиот свет.
Сакавме да докажеме дека ние младите можеме да направиме нешто со кое би го поттикнале овој хуман народ да направи нешто.
Сакавме да докажеме како еден млад човек може на позитивен начин да ја промени својата дневна рутина и да направи нешто добро за светот.
Успеавме да докажеме дека социјалните мрежи не се само порок и начин на губење време на младите туку можат да се искористат и како медиум за создавање на големи вредности.
Како што велат, хуманите души секогаш се пронаоѓаат меѓу себе , па така за само неколку часа успеавме да составиме тим од одлични луѓе, неуморни ентузијасти кои неколку часа претходно не ги ни познававме, а сега ни станаа потпора на каузата која сме решиле да ја носиме со нас.
Се функционираше перфектно, како во некоја нестварна бајка.
Така и настана “Иницијативниот одбор за помош на настраданите од поплавите на балканот”.
Од секунда во секунда бројката на граѓани кои дознаа за нашата иницијатива растеше,
волонтерите без кои не би можеле да направиме ни 5% од ова што го направивме безпоштедно се пријавуваа и се ставаа на располагање, едноставно магијата траеше и се ширеше.
Позитивните фидбекови од широките народни маси го долеваа маслото на огнот.
Жарчето хуманост стана цел пожар, она што 12 часа претходно делуваше како чудна идеа почна да се остварува. Телефоните ѕвонеа непрекинато, стигнаа еден куп од пораки и повици за поддршка и понуди за помош.
Дојде и судниот ден-Недела, ден кога требаше на дело да се види колку нашата акција вроди со плод.
И бев запрепастен од глетката, луѓето беа дојдени пред договореното време, штандовите веќе полни, сите работеа заедно како да цел живот го прават тоа, а не се ни познаваа.
Македонци, Срби,Турци,Роми,Црногорци, Бошњаци, Хрвати… На едно место братски ја споделуват работата и си помагаат меѓусебно, едноставно човек да заплаче од среќа од тоа што го гледа.
Срушени беа сите табуа за нетрпеливост, горд сум на себе на мојот тим и на целиот македонски народ без разлика на која верска или национална група припаѓаат.
Браво народе 1000 пати поклон до земја !
И како што кажа Девана, светот би бил идеално место за живеење доколку има повеќе луѓе како вас кои бевте на плоштадот на 18 мај.
Никола Јанев”
Објави мислење