Моника Петковска: “Во хуманоста се гледа големината на еден човек”

9

 

-Моника Петковска, борец за подобро утре, хуманитарец, активист,

филантроп, иницијатор на акцијата за помош на Тетка Митра

“Не верувам дека постои човек што би кажал нешто против хуманоста. Едноставно, има нешто што те тера да се насмевнеш, и со насмевка да зборуваш за хуманоста, да бидеш хуман. Можеби грешам, но сепак во хуманоста се гледа големината на еден човек. Хуманоста не се искажува само со пари, некогаш и топол збор помага многу.
Сум помогнала на многу начини. Сум донирала парични средства, без разлика за кого се работи. Многупати, последните пари сум ги трошела да купам јадење за некое бездомно животно.

Јас сум Моника Петковска од Велес и имам 20 години. Активист сум на Здружението за Заштита на животните “Animal’s Voice” кадешто секојдневно се соочуваме со животни на кои им треба помош.

Од како знам за себе, знам и за Митра. Таа е моја комшика која што секојдневно ја гледам и и давам по некој денар. Таа има 52 години, од кои 10 години живееше без струја. Собрав донации и ја платив големата сметка за струја. Митра немаше никакви примања, поради тоа што собираше шишиња, неможела да зима социјална помш. Ја поништив сметката на која и стасуваа пари од собирање шишиња и ја пријавив со социјалното, од каде што веќе наредниот месец треба да почне да добива пари. Условите за живот и се катастрофа. Куќата е хаос, буквално може да се снима хорор филм и да се земе оскар… Куќата се распаѓа. Има две соби, големо претсобје, кујна и купатило. Во дневната соба има ќумбе кое зимно време и користи за да се стопли, а во него фрла се и сешто од алишта па се до мебел. Живее сама со еден мачор, со кој делат се, од јадење па се до загаден простор за живеење. Сама се организирав, два дена по ред, во најголемиот студ, имав поставено штанд во Велес. Во Скопје исто така имаше штанд, Во две диксотеки во Велес имаше поставено штанд, но највеќе пари се собраа благодарение на една хумана девојка од Скопје која што одеше и собираше пари од сите што сакаа да донираат.
Со собраните донации јас почнав да и ја реновирам куќата. Најдов мајстор кој се нафати хуманитарно да работи. Почнавме со претсобјето. Имаше преголеми дупки во ѕидовите и ги покривме. Ѕидовите се црни бидејќи биле претходно мачкани со вода и пепел и поради тоа се потроши повеќе материјал за да обелиме. Вратите ги фарбав со бела боја со што дојдоа до израз. Работа има премногу таму, но немаме материјали. Ги замолувам сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат со донирање на материјали за куќата како и плочки и ќерамиди, бидејќи кога врне дожд и влегува вода во секоја соба. Јас нејзе секојдневно, без разлика на временските услови и носам јадење. Се што и е потребно се и купувам, но парите се трошат. Таа сама ми бара да и купам брашно и прашок, и без разлика на нејзината психичка состојба она сама понекогаш пере и си прави јадење.

Затоа, дозволете си себеси да бидете светлина со тоа што ќе се насмевнете со љубов. Да бидете хумани – не е себичност, хуманоста е надеж, среќа, пред се време за дарување љубов за сите оние кои имаат потреба за тоа.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење