Маргарита Николовска: “Никола е здрав полуматурант кој граби кон животот со полна пареа , благодариме”

8

-Николовска Маргаритa, Жената- Борец, мајката на Никола Николовски,

момчето кое се оперираше од срцева маана во Гермнаија, за борбата на Никола и целото семејство.

“Пред 15 години Никола, мојот син се сочи со една од најтешките дијагнози на болест на своето срце,WPW SVPT на срцевиот мускул хронично заболување на нервниот систем, ретка болест која од најрана возраст го стави на крстопатот на животот – да се бори да го најде излезот и вистинскиот пат.

Првите две операции ги направивме пред 11 години, како подготовка за финалната операција која се направи лани, во Германија, во Гетинген.

Да бидеш мајка значи да бидеш борец. Целиот мој живот е посветен на моите синови, и на борбата на Никола за подобро здравје и подобар живот. За последната операција голема благодарност им должам на сите хумани граѓани кои ни излегоа во пресрет и решија да му помогнат на Никола во неговата борба. Средствата кои беа потребни за ланската операција на Никола беа големи и нашето семејство, неможејки само да ги собере сите средства, се обрати за помош до Македонската јавност и граѓанство.

Отворивме жиро сметки и донациски броеви, Масовен беше одзивот на граѓаните кои сакаат да му помогнат на Никола да има здраво срце. Со помош на сите хумани граѓани, Канал 5 Телевизија, мобилните оператори кои ни отворија донацисски броеви и сите соученици и родители од училиштето на мојот син, како и сите естрадни звезди кои несебично помагаа, НИЕ УСПЕАВМЕ. Никола е здрав полуматурант кој граби кон животот со полан пареа 🙂 Операцијата во Гетинген помина одлично, ние сме здрави и среќни!

Нека хуманоста биде пример за секој од нас. Секој кој има можност секогаш да помогне, зошто Никола стигна до полуматура благодарение на сите вас. Нека Никола биде пример за сите хумани луѓе.

Ви благодариме “

Завршениот апел за помош на Никола Николовски е тука. 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење