Јасмина Дуриќ: “Прекрасно е чувството да се дели храна, љубов и да се даде поддршка на оние на кој тоа никој не им го дава”

4

-интервју на Јасмина Дуриќ,

волонтер во “Вистински Дела на Љубезност” за www.donacii.mk

  Јасмина Дуриќ, волонтер во “Вистински дела на Љубезност” ја прашавме што е тоа што ја мотивира да помага, што е та што ја мотивира да прави промени , што е тоа што ја влече своето време да го посвети на луѓето кои имаат потреба од помош, онака безрезервно , како таа што го прави тоа.

“Започнав од Јануари 2014 , сосема случајно ги пронајдов ,,Вистински дела на љубезност,, и низ фотографиите и објавите кои ги имаа објавено на нивниот ФБ профил веднаш ме привлекоа да се приклучам. Претходно имав една акција за жена жртва од семејно насилство во невладина организација и ме привлече организирањето на акции, како и реакцијата на жената и децата која никогаш нема да ја заборавам кога и ја однесовме донацијата, за нив беше Нова година, а за мене прва акција. Многу чувства ме преплавија тогаш од радост до тага и сакав да има што повеќе хуманитарни акции.

    Лично сум убедена дека светот навистина ќе умре од недостаток на љубов , а не од недостиг на храна. Во организацијата ,,Вистински дела на љубезност,, каде сум волонтер ние делиме оброци за бездомниците, како и облека, обувки, но сметам дека љубовта и поддршката која од нас ја добиваат им значи многу повеќе. Ме мотивираат човечките судбини, одлуки и животни приказни што бездомниците и социјалните случаи ги делат со нас.Посебно ме мотивира кога некој од нив ќе успее во борбата за подобар живот, ќе успее да се вработи или барем да почне да размислува за барање работа.

  Кога мојата мотивираност успевам да ја пренесам на мои пријатели, другари,колеги и кога ги забележувам и чувствувам позитивните емоции со кои се преплавени дека придонеле некој денес баш заради нив да има насмевка на лицето, да се почуствува подобро и да добие поддршка. На нашите последни акции ,,#РетвитниОброк,, каде хуманитарни готвачи волонтери одвојуваат дел од своето слободно време и храна, ја приготвуваат и делат заедно со нас, двете страни се чувствуваат како луѓе-и бездомниците и готвачите.Тоа е нешто, што во овој момент за мене е чувство кое не можам да го опишам.Да се мотивира човек да готви храна, да дели храна, љубов и внимание со друг човек.Прекрасно е.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење