Ивана Савеска: ” Благодарам на сите вас, кои ми помогнавте да го подобрам својот вид.”

4

 

-Ивана Савеска, девојка со оштетен вид која успеа да го подобри својот живот благодарение

на хуманите луѓе, девојка борец, девојка инспирација.

“Јас, Ивана Савеска имав  дијагноза retinitis pigmentoza-оштетен вид.

Јас сум исто така и  сум пример дека благодарение на хуманоста и неизмерната заангажираност на прекрасните граѓани на нашата земја и надвор од неа, успеав да го подобрам својот вид.

Успеав ја остварам мојата желба да отпатувам во далечната Русија во градот Уфа ,каде бев прекрасно пречекана и беше извршена операција, а по нивно барање по шест месеци отпатував повторно и беше извршена уште една операција и потребни третмани.

Поради повеќе годишно патување низ различни земји и клиники паричните сретства беа неопходни да се обезбедат, но моето семејство веќе беше финансиски исцрпено.

За овие операции, кои ми се направени во Русија, единствен начин да се соберат средствата беше да се побара помош од граѓаните. Но начин постоеше и се реализира благодарение на одобрените линиите за донации на нашите оператори Т-Мобиле и Вип Оператор , и пред се , со помош на хуманите граѓани се обезбедија потребните средсва .

Сега зе чуствувам добро ,поради комплексноста на проблемот терапиите ќе продолжат. Јас од цела ситуација не само што успеав да обезбедам парични средства туку мојот живот стана побогат за многу пријатели и остварени контакти на овој начин.

Доволен е еден искрен збор да се утеши некој, доволна е една молба, доволна е самата искрена помисла и желба да се подобри благосостојбата на другиот. Денешниот тек на животот ни носи колку добри толку и лоши работи, но затоа и сме наречени луѓе затоа што без разлика на своите проблеми и тешкотии, способни сме да погледнеме околу нас, а не само за нас, способни сме макар на само еден гест на хуманост и помош, потребно ни е само да го извадиме на површина она што веќе постои во нас, она што не прави посебни, а тоа е солидарноста и хуманоста.

Ви Благодарам на сите вас, кои ми помогнавте да го  подобрам својот вид.

Незимeрно”

11145890_1074844065860780_6945504507526308049_n

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење