Пред цели три години секој Наш ден, мој и на мојата фамилија започнуваше со реченицата:
“Денес ми е потребна Вашата помош, вашите добри срца а на некои срца потребна им е и Вашата љубов и поддршка”
Секој ден со молба, со молба за подобро здравје и безгрижен живот за Александар.
На мојот братучед Александар на 5 месечна возраст му беше дијагностициран Defectus septi ventriculorum – дефект на срцето, на кој мораше итно да се изврши операција во Бугарија, во Софија. Тогаш започнаа тешките денови. Родителите на Александар не беа во можност да ја соберат сумата потребна за таа операција, па заедно сите сплотени побаравме помош од сите хумани луѓе низ државата…
Се започна преку социјалната мрежа Фејсбук, преку група која ја креирав лично јас а потоа премина и во апел на една моментално најпосетувана ХУМАНА страна на Фејсбук, Донации.
Благодарение на тогашните администратори заинтересираноста на хуманистите да помогнат беше преголема.
Исто така голема благодарност до Фондацијата на Т Мобиле која ни излезе во пресрет и ни додели донациски број за донирањето да се одвива на полесен и побрз начин.
Секогаш со отворени врати за сите, буквално за сите на кои им е потребна помош.
Со големи напори, тажни но сепак на крај среќни моменти успеавме да ја собереме потребната сума и да отидеме на операција. Се помина во најдобар ред и сите се вративме здрави,живи и среќни.
Александар одлично напредува, насмеан му се радува на животот за кого сме заслужни сите Ние.
Но уште многу други дечиња заслужуваат да се на неговото место, копнеат да бидат сакани и да сакаат, да ја подарат својата безгрижна љубов, да бидат центар за себе…
Затоа што, СЕКОЈ ДЕН Е ПОИНАКОВ ОД ОНОЈ ШТО ДОАЃА.
Искрена и длабока благодарност до Донации и сите поддржувачи на таа страна.
Искрена и вечна благодарност до моето сонце Александар што направи подобар човек од мене.
Благодарност и до основачите на оваа страна Донации кои ме прифатија како свој човек да бидам дел од нив и сите заедно посилни, повредни да ја шириме хуманоста, добрината и среќата со сите Вас поддеднакво.
Како и со што да ги загрееме Нашите срца?
Се разбира, со добрината и добродушноста која секој од Нас ја поседува…
Ние мораме да направиме нешто, ние треба да помогнеме на секого доколку можеме затоа и сосема случајно сме се нашле на тоа место.
ТОА Е АКТ НА ЉУБОВ И ХУМАНОСТ.
Благодарност до цела Македонија,
Анна Рулеска
1 коментар