Свадбата е еден од најубавите денови во животот, но уште поубаво е радоста и среќата од тој ден да ја споделиме со други. Пример за таква свадба се и младите Добрила и Костадин Кангови.
Младиот брачен пар Кангови одлучија во еден од најважните денови од нивниот живот да бидат хумани, да помислат на некој друг, на оној на кој му е потребна помош. Својата хуманост ја покажаа со донациска кутија на нивната свадба.
Свадбените покани гласеа„
Драги пријатели
… детската радост е како зрак светлина на облачен ден.
Затоа наместо букет цвеќе, Ве молиме донирајте симболичен износ,
за да ја вратиме насмевката и да го спасиме животот на малечката
Александра.
….Секогаш е добро време да направиш нешто добро.“
Хуманост за пример, хуманост која може да стане практика на секоја свадба. Свадбената радост да биде радост и за друго семејство на кое им е потребна помош.
Еве ја нивната сторија:
„Желбата да се помогне некому е преголема. Ние пред се, сме медицински лица, потикот беше на право место, а второ бевме потикнати од други примери кои на ист или сличен начин, допринеле за троска ведрина за овие мали душички.
Чувстовотo во моментот додека се спремавме да го реализираме ова, беше посилно од нас. Како ќе се изведе, како ќе се прифати, каков епилог ќе има…. Со илјадници други обврски, приватни, службени, плус спремањето за свадба, ова ни стана главна преокупација.
Стануваме и легнуваме со иста мисла. Стапивме во контакт со Вас – Донации, целата нишка почна од таму. Не посочивте да се обратиме кај фамилијата, стапивме во контакт и со нив. Дури после тоа, после нивната позитивна реакција и пофалба за чинот, чувството беше посилно од нас, срцето во секој момент како да ни излегуваше од градите, колку мал придонес, а срекќа неизмерна – чувството да имас трошка допринес за таа мала, невина душичка.
Поддршката од околината, пред се од фамилиите, беше неизмерна. Не постоеше човек кој не не пофали, кој не кажа дека нема поубаво дело ов ова.
Порачавме кутија, благодарност и до екипата која не подржа и беа максимално со позитивен дух, дека сето тоа носи светлина на крајот на тунелот. Срдечни, топли насмевки, па и слози имаше на секој чекор.
Дојде и денот на свадбата.
Возубудата кај нас беше неизмерна до почетокот на свадбата како ќе се одвива и реализира сето ова. Кога почнаа честитките, возубдата кај сите, преголемата поддршка и прифатеност на сето ова, веќе срцето и душата беа како птица слободни. Воодушување, насмевки, солзи, емоции, нешто за кое не постои збор да се опише…
Ова што го доживеавме е неописливо, срце полно со милост, душа полна со љубов…
Се надеваме дека ќе бидеме поттик, желба, патоказ, како може да се даде само мал допринос за работа која се мери во човечки живот. Со овој мал гест се надеваме дека ќе внесеме светлина во домот на малата душичка, искрена и невина насмевка.
Благодарност за подршката од сите, пред се еден на друг што си веруваме, на Донации, на фамилијата на девојчето, на нашите фамилии, колеги, пријатели и познаници.
„Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка”. – Мајка Тереза “
Тимот на Донации им се заблагодарува на хуманоста и големата душа на Костадин и Добрила.
Нека бидат пример за сите нас.
Да поставиме донациска кутија на нашата свадба.
Да бидеме ние следни.
Секоја чест младенци.
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.
Објави мислење