Уште еднаш покажавме дека сме хумани и дека знаеме да подадеме рака кога е потребна помош на некого.
Иако апелот беше анонимен и не содржеше податоци за кого точно станува збор, сепак тоа не беше пречка да се помогне. Голема благодарнос до Skopjeinfo и сите останати кои го споделиа апелот за помош на самохраната мајка од Скопје и со тоа ги зголемија шансите за помош.
Мајката е крајно благодарна и нема зборови со кои може да го опише изненадувањето и среќата за тоа дека сеуште постојат хумани луѓе. До сега не побарала помош заради страв од осудување и потсмев од околината и пред се заради нејзиниот син. Пријатно изненадена од хуманите луѓе и помошта која и ја пружија.
Помошта која ја доби мајката беше различна.
Ќе споделиме неколку коментари од мајката за помошта која ја доби од хуманите луѓе:
- „ …Денес ми се јавија и ми кажаа дека ќе ми го испратат фрижидерот… Не ми се верува, јас ваков подарок до сега не сум добила никогаш во животот, па фрижидерот е нов, преубав… Пресреќна сум…“
- „… Ми се јави една млада жена и ми понуди помош… Машината ми беше расипана и ми се понуди да викнам мајстор кој ќе ми ја поправи, при што она ќе ја плати поправката… Дојде и мајсторот и жената… Машината ја поправија, поправката ја плати…. Ми понди помош и за син ми…„
- „… Денес син ми доби нова зимска јакна… Пресреќен е, веднаш ја облече, дури етикетата заборави да ја тргне…“
- „… Добивме пакет од Битола, пресреќна сум…“
- „… Млад дечко ми се јави и ми кажа дека сака да помине до кај нас… Дојде со кеси прехрамбени производи и различни работи за кои за некои не памтиме кога последен пат сме ги купиле… На крај дури ми остави 500 денари за да ни се најдат…“
Знаеме дека хуманите луѓе кои сакат да помогнат и да останат анонимни ќе се препознаат во овие коментари од мајката, ќе се препознаат и многу други кои помагале во слични ситуации. Има уште многу коментари кои заслужуваат да бидат спомнати и кои ја имат крајната благодарност од мајката и нејзинот син.
На 05.12.2015г. во организација на „Инстаграмџиите“ ќе има хуманитарна изложба каде дел од изложбата ќе биде наменет и за самохраната мајка.
БРАВО ХУМАНИ ЛУЃЕ
СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ХУМАНОСТА И ГОЛЕМИТЕ СРЦА
Голема благодарност до сите кои помогнаа од самохраната мајка и нејзиниот син и од Тимот на Донации.
Информации од објавениот апел
Објави мислење