Билјана Пешева: “Дoпирoт срце – срце не прaви пoчoвечни”

2

-интевју за www.donacii.mk на Билјана Пешева,

 долгогодишен активист, учител на програма и хуманист во Меѓународната фондација

Уметност на Живеење-Македонија и  СУНА – Скопје -Здружение за развој на вредностите на обединетите нации

“Западните општества меѓу кои спаѓа и Македонија, се целосно ориентрани на уживање и задоволство, а секој допир или поглед на нечија болка и страдање, се изолира или релативизира. Забораваме дека  задоволството и страдањето се дел од истата лулашка на животот. И така,  еден дел од луѓето обично затвараат очи пред сиромаштијата, хендикепираноста, бездомништвото – како да не постојат, друг дел од луѓето тоа непријатно чувство го компензираат со оставање на облека/храна пред контејнер или пред врата на некоја организација/семејство, додека оние третите пак  кој се најмалубројни, е тие делуваат !  Моето искуство покажало дека тоа што ги плаши  луѓето е да го погледат во очи, оној што е од другата страна и да со своето срце и своето сочуство го допрат неговото.. но и обратно ! Ете само така се расте внатрешно. Дури и питачот кој ни доаѓа пред кола на семафор ни ја нуди таа можност, да воспоставиме контакт очи со очи  за да го отвориме своето срце, и тоа не само кон нивното страдање туку, најважно од се кон самите себе си, независно дали ке му дадеме или не некоја паричка. Ете, дури и тој не учи како да станеме луѓе и да не брзаме низ животот велејќи дека немаме време за ништо.

Моите први контакти со хуманитарни активности започнаа пред многу години негде во далечната 1998 година кога работев професионално за хуманитарна и развојна организација. Но, јас бев таа што секогаш остануваше во канцеларија и ги средуваше сите административни работи за да се тече се по план и знам дека тоа многу ме нервираше. Се се случуваше надвор а јас бев во канцеларија. Се сеќавам дека еден ден го молев директорот да ме земат и мене, зошто и јас сакав да ги почуствувам во живо акциите. И за среќа во истиот период преку заеднички пријатели ме контактира Волфрам од Германската хуманитарна организација Помагачи без граница кој сакаше да донира храна, облека и покуќнина во Македонија. Тој ми кажа  “Најважно за нас волонтерите е контактот срце со срце” – додаде “тоа што го собираме како помош го донираме дирекно до фамилиите, само со наши  раце, и така  контактот срце со срце се воспоставува, и тоа е највредното, тоа што ќе те трансформира” !  И така се започна, заедно со група ентузијасти целосно волонтерски дистрибуиравме шлепери храна вода облека во период од 1999 и 2000 на над илјaда социјално загрoзени случаи во Скопје. И навистина, контактот и дирекниот разговор со сите тие фамилии што поминаа низ моите раце, ме измени целосно. Сватив дека преку очите на луѓето се се гледа, и болката, и страдањето но и  благодарноста… Тие беа благодарни на мене но и јас на нив !  И токму тоа ме одреди понатаму во сите мои волонтерски активности.

Тоа е еден дел од приказната а другиот дел се однесува на луѓето со кои заедно волонтирав, заедно составуваме акции и идеи како понатаму,  пријателите кои секогаш ми помагаат,  духовните учители кои со своите дела и пораки ме инспирирале во животот.

Бидејки  сме социјални битија, нас ни е потребно да со тие со кој соработуваме без разлика дали професионално или волонтерски, имаме и градиме добри релации, здрава комуникација и средина. Но, нашите животи не секогаш одат одат по иста линија. Некогаш сме горе, некогаш доле а некогаш на рамна нула и затоа секој од нас ја има своја одговорност во градењето и одржувањето на релациите, особено ако делуваме во волонтерски организации.

За мене инспирација да продложам да помагам беа волонтерите од Уметност на живеење кој ги сретнав на една раскрсница во животот. Мислам да  не беа со исти тенденции како мене, можеби немаше да можам толку многу да постигнам и променам во себе и околу мене. Во изминатите десетина години направивме заедно многу акции, настани наменети за деца без родители, помогнавме  и посетивме многу фамилии. Секоја фамилија која што ја посетуваме, секоја акција со волонтерите е приказна сама за себе. Еден голем учител вели дека “Рацете што служат се посвети од усните што се молат”. И навистина мислам дека е така.

Благодарејки на волонтерите од т.н  Action група (како што се нарекуваме меѓу нас) а тоа се членовите на Меѓународната фондација Уметност на Живеење-Македонија, Коалиција Боите на животот, СУНА – Скопје -Здружение за развој на вредностите на обединетите нации и Арт Лајф од Скопје,  направивме многу акции од која последната ја реализиравме пред два дена по повод Светскиот ден на храната и сиромаштијата, каде организиравме добротворна акција за социјално загрозени фамилии и баш сега додека го пишувам текстот, дел од волонтерите се излезени на терен и одат во фамилиите да им ја достават храната. Параралено со ова ја започнуваме градежната интервенција на куќата на Влатко до Припор за кој една фамилија од странство донираше пари и сеуште бараме начин каде да го сместиме стариот чичко Кире кој  нема каде да живее.

Нашата заемна посветеност, енергија и ентузијазам мене ми се инспирација и мотив да организирам и учествувам во хумани и хуманитарни акции.

Бидејки цело е кога сите сме среќни  и оние со, и оние без можности !

Повеќе фотографии од нашите активности може да видите на следните линкови

www.facebook.com/Коалиција-Боите-на-животот

http://suna.org.mk/

www.facebook.com/sunamk.org

/www.facebook.com/artoflivingmacedonia

http://prezi.com/xhu30d4wseyk/?utm_campaign=share&utm_medium=copy&rc=ex0share

https://www.scribd.com/doc/246985269/Untitled?secret_password=nSxXTHSApFiZdsdIN8OU

12141661_10206729485530079_1300740587605149040_nза авторот

М-р Билјана Пешева

Билјана е дипломиран економист на Економскиот факултет во Скопје, има стекнато доквалификација за педагогија и методологија на Филозофскиот факултет во Скопје а магистрира во 2007 година на Еконономски факултет област Маркетинг. Во своето работно исксутво има работено во различни организации во развивање и јакнење на свеста за одржлив развој и психо-социјални проекти во граѓанскиот сектор, а покасно била вклучена во воведување и развој на современи технологии на пазарот на Р.М. од област самоуслужни продукти и канали што и моментално професионално го работи.

Билјана Пешева, од 2014 година има стекнато квалификација “Професионален обучувач на возрасни” со национално верификуван сертификат и има национално верификуван сертификат за Вештини на комуникација, преговарање и работа во тим и група од Центар за образование на возрасни согласно Законот за образование на возрасни на Р.М.

Билјана Пешева е долгогодишен активист, учител на програма и хуманист во Меѓународната фондација Уметност на Живеење-Македонија и  СУНА – Скопје -Здружение за развој на вредностите на обединетите нации”

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење