“Што значи животот воопшто, ако сопственото дете Ви е болно???!!!!!!
Се што правите, секојдневно, сите емоции и мисли, се се врти околу него, со него, до него, за барем малку да му помогнете!!!Но, се е попусто, срцето те боли бидејќи немајќи средства на денешно време неможеш да помогнеш на најсаканото и најмилото, на своето чедо!!!!!!!
Кога ќе ти соопштат дека треба да се прави операција која чини пари, кои ги немаш во моментот, светот ти паѓа врз глава!!!Се ти станува црно!! Но во тоа црнило….има бела точка, која верувајте и тоа како може да го надвладее црнилото! Луѓето помагаат, нам ни помогнаа и тоа ми даде сила да верувам уште повеке во добрината во нивните срца, тоа што беа несебично хумани и не бодреа до крај….сите Вие таму некаде, Ви благодарам од се срце што направивте моето чедо да гледа повторно нормално, и да порасне безгрижно, без никакви понатамошни проблеми со видот!!!
Да не бевте Вие, да Вие прекрасни луѓе, не знам што би правеле…Средствата беа собрани благодарение на ВАС…..затоа Ви благодарам од се срце….и јас и моето малечко, што сте полни со љубов, искрена и чиста, и ја делите на оние на кои им е потребна помош!!!Бидејќи има многумина на кои им треба, им треба да ја почувствуваат и доживеат, и да се уверат дека луѓето и денес во ова тешко време си подаваат рака едни на други, кога им е најтешко!!! Бидете живи и здрави, и сетете се дека секој ден некој мисли на Вас со насмевка на лицето и Ве спомнува во молитва, бидејќи сте спасиле и разубавиле нечиј живот!!!!!!!!!!!!!!!!”
-Билјана Манчиќ
Мајка на Нина Манчиќ
*Aпелот за помош кој заврши успешно за Нина:
http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-nina-mancikj/
Објави мислење