Билјана Јанеска: “Им благодарам на сите хумани граѓани кои ми помогнаа”

7

Запознајте ја Билјана Јанеска од Штип која долги години живее во Охрид. Со голем труд и позитивност таа успеа и го победи ракот. Во продолжение следуваат нејзините изјави.

“Лекувањето секако дека е скапо, но сите знаеме дека нема ништо повредно од живот. Во Унгарија за две недели платив 10.000 евра, и се уште многу купувам суплементи, кои чинат 300-400 евра за месец и пол. Но… животот нема цена. И за мене беше скапо, но со помош на хуманитарните акции се собраа доволно средства. Во оваа прилика , вели Јаневска. Мојата порака до сите е никогаш да не се откажуваат , волјата и вербата во Бога пред се, и да сфатат дека нашето тело е програмирано само да се лечи” – порача Билјана.

_____________________________________________________________________

Превземено од Цивитас

“Во септември 2014 година и открија малиген меланом со метастаза на колкот и лимфните жлезди. Веста секако ја потресе, го смени нормалниот тек на живот на целото семејство. Страв, грижа, тага, но нашата Билјана како вистински херој ги фрли зад себе и одлучи да биде прав борец. Вербата во Бога, милитвата и моите две деца беа основниот извор на сила во оваа битка…… со тоа успеав, раскажува Билјана. Моите две ангелчиња, беа мотив инспирација да се преживее секој ден…. волјата да живеам и да докажам дека со верба во Бога и со здрава логика, упорност и здрава храна може да се победи и најстрашната болест. Секој ден и кога ми беше најтешко со верба во Бога исчезнуваа солзите од моето лице, вели Јаневска. И после трите операции постоел огромен ризик за проширување на метастазите и враќање на болеста. Набрзо дознала за лиценцираната клиника ГЕРСОН во Унгарија , каде најтешките болести се лекуваат со специјални терапии.
– Во април 2015 заминав во Герсон клиника во Унгарија. И речиси една година сум на Герсон терапија. Тврдам дека резултатите се одлични. Терапијата се базира на природен начин на лечење. Основа на Герсон терапијата е прочистување и детоксикација на организмот, зголемување на имунитетот до тој степен да може телото само да се избори со болеста. Во основа е здравата органска храна , цедените сокови на база на морков , клистирање со органско кафе за причистување на џигерот, и природни суплементи кои го помагаат овој процес. И секако многу е важно да се трудиме што повеќе да водиме живот без стрес и многу позитивна енергија, објаснува нашата соговорничка.Организмот сам може да го излечи ракот, жив пример за тоа е Билјана, која денес има одлични резултати. Вашето тело има моќ да се излечи само. Герсон терапијата е еден начин да му овозможите на вашето тело да ги санира сите болести. Бидејкќи кога телото само се лечи тоа лечи се! Во Герсон центрите можете да добиете стартна обука и да сте под нивни надзор за време на целата терапија. Др Макс Герсон добил Нобелова награда за ова достигнување на кое го посветил целиот свој живот и успеал да изечи многу луѓе при што главен предизвик му биле пациентите во многу тешки стадиуми и болести. Повеќе видови канцер ( маланома, рак на дојка, на панкреас…..и др) мултипллекс склероза, автоимуни заболувања, дијабетис, детоксикација на затруен организам. Во клиниката каде што бев јас сите доктори се врвни онколози кои самите го излечиле ракот без хемотерапија и со помош на Герсон терапија. Пред 8,10,11 години. Има и нутриционисти, психијатри, сестри. Речиси сите вработени се бивши канцер пациенти и затоа сочувствуваат и знаат низ сто поминувате. Но нивниот успех дава многу голема волја. Сеуште работат редовно и во државна онкологија, а во Герсон клиниката работат по еден или два дена во неделата и тоа со многу љубов. Не ги отфрлиле никогаш достигнувањата во медицината само нудат нешто што е решение таму каде што конвенционалното крева раце. Самите се доказ, а еве сум и јас со најновите резултати од пред некој ден од контролата во нашата државна клиника кои подобри не можат да бидат, вели пресреќна нашата Билјана. Ако некој вас близок страда од тешка дијагноза, можете да препорачате. Лекувањето секако дека е скапо, но сите знаеме дека нема ништо повредно од живот. Во Унгарија за две недели платив 10.000 евра, и се уште многу купувам суплементи, кои чинат 300-400 евра за месец и пол. Но… животот нема цена. И за мене беше скапо, но со помош на хуманитарните акции се собраа доволно средства. Во оваа прилика , вели Јаневска. Мојата порака до сите е никогаш да не се откажуваат , волјата и вербата во Бога пред се, и да сфатат дека нашето тело е програмирано само да се лечи, порача Билјана.

Ако некој сака да ја контактира Билјана може на нејзиниот Фејсбук профил Biljana Yaneska, таа е подготвена да ви помогне и да ве упати……Ова е линк од Герсон институт: http://gerson.org/gerpress/

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење