Ален Осман :”Бидете причина за нечија насмевка”

5

 

Ален Осман-Национален волонтер на Црвениот Крст на Р.Македонија за 2013 година

за www.donacii.mk ја раскажа својата приказна, за поривот за правење добрини, за Хуманоста, за Промените…

Уживајте во ова прекрасно интервју, и размислте- каква промена вие правите во светот околу вас?

“Хуманост. Што за луѓето преставува хуманоста и што се опфаќа таа ?

Многумина ги имам прашано и повеќето од нив ми имаат oдговорено дека е сегмент, дел од тебе и твоето битие кое се раѓа заедно со тебе .

Јас не се согласувам комплтено со ова , сметам дека хуманост е

доблест која  секој од нас треба да ја поседува, да ја стекне во текот на својот живот.

Хуманоста ја опфаќа секоја помош која ќе ја извршиш на секое лице која му е потребна, посебно на тие што немаат никакви услови за живот и затоа што секогаш повеќе усреќува давањето отколку примањето на помош .

Долго време чуствував дека нешто недостасува во мене, некое парче откинато и заробено, кое би ме правело целосен. Тоа парче го пронајдов во волонтирањето. Таа желба и начин да го изразувам тој дел од себе започна на моја 16 годишна возраст во Старата Скопска Чаршија увидов лица кои просат, мали деца кои молат за парче леб, хендикепирани лица исполегнати на старите плочки молејќи за денар, мајка со новороденче на тоа топло време лежи доле и го дои детето, се ова мене ме мотивираше да се активира она сетило, оној сегмент во твоето срце дека без разлика на тоа колку години имаш доколку сакаш можеш да помогнеш некому со најминималниот гест кој ќе го направиш.

Сите тие реални доживувања ми ги отворија очите и ме шокираа. Се решив дека кога ќе се укаже шанса и јас ќе помогнам некому.

Од почетокот ме предводеше мудрата  мисла на Мајка Тереза дека  НЕ СИТЕ МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ ГОЛЕМИ НЕШТА , НО МАЛИТЕ НЕШТА МОЖЕМЕ ДА ГИ ПРАВИМЕ СО МНОГУ ЉУБОВ.

Така и започна  желбата да помогнам некому и барем за кратко да им го развеселам животот и да им дадам помош онолку колку што можам.

Волонтер веќе 4 години во Општинската организација на Црвен крст Карпош и вклучен во сите хуманитарни активности на Клубот на млади .

За сите овие години низа реализирани хуманитарни акции за кои што и ден денес се гордеам но една од сите се одделува, хуманитарен гест кој и го промени тотално животот на 73 годишна старица и која ми го стопли срцето со насмевката на нејзиното лице .

Како дел од програмата Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности која им овозможува на младите да ја изразат својата хуманост  така беше и дел од неа старото лице .

Приказната за пронаоѓање и помош и поддршка на самото старо лице почна сосема случајно . Заедно со останати волонтери бевме во посета на старото лице – инвалид кој се движење низ нејзината куќа со помош на количка . При првата посета на самата баба не обли чуство на среќа,мотивираност,позитивна енергија да можеме на самото старо лица да и го подобриме нејзиниот живот и да внесеме  тронка среќа .

Со солзи во очите ни ја раскажуваше приказната за нејзиниот живот и нејзините случување и дека веќе 10 години заради неможност да се движи нема направено  чекор во општеството кое ние сите заедно го делиме и  дожуваме како сите оние нешта кои и нормалните луѓе ги прават   и уште повеќе ни ги распленуваше срцата. При излегување од вратата таа ни соопшти дека е многу среќна за нашата посета и дека после долго време  во домот изгреало сонце  и дека за нејзе доволно е и нашата посета.

Заедно мотивирано почнувавме со промена на животот на бабата , постојано ја посетувавме во нејзиниот дом, и помагавме во одржување на хигиената, при набавка на сите производи кои и беа потребни во нејзиниот дом и социјализација . Бабата секојдневно ни се заблагодаруваше за се што правиме за нејзе и дека конечно после толку време се случува промена во нејзиниот живот .

Додека поминуваа месеците самите ние се приврзавме за старото лице па сакавме да направиме нешто за нејзиниот 73-ти роденден а тоа е да ја изведеме на прошетка во центарот на градот .

Целото изненадување беше ненајавено за старото лице , со помош на возило и количка ја изведовме од  нејзиниот дом во Центарот на Скопје . Целата трепереше и со нетрпение го очекуваше пристигнувањето на возилото велејќи дека поголем подарок од ова за  роденден нема добиено во целиот нејзин живот . Стапнувањето на земјата на која секој ден илјадници граѓани чекорат со радост или тага во срцето за неа претставуваше повторно раѓање, повторно запознавање со светлата страна на животот, раѓање на детето и девојката во неа…

Насмевката од нејзиното лице никако не стивнуваше.

Заедно со торта во рацете и свеќички го прославивме нејзиниот 73-ти роденден во позитивна атмосфера и со голем број на волонтери околу нејзе. Заедно сите повторно ја однесовме бабата во нејзиниот дом каде ни се заблагодари за се досега што имаме за нејзе направено. Малите дела за нејзе преставуваа големи дела и тоа за нас беше доволно . Велат дека кога го правите она што го сакате, сте го поставиле каменот темелник на својот живот . За животот, луѓето, човечноста честопати се зборува многу. Сепак, понекогаш се потребни само неколку зборови, некоја  мисла да нè потсети и да ни каже што е вистински добро и значајно,токму тоа малку да  ја разбуди малата искра во нас за да помогнеме некому. Како врв на сето ова, при секое добро дело не  обзема она прекрасно, благородно чувство кое го прави овој свет поубаво место за живеење.Инспирирајте се денес и направете нешто добро во вашиот живот, помогнете некому и ставете насмевка на нечие лице . “

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење