Почитувани наши читатели,
Здружението “Хуманост без граници” Прилеп и сајтот www.donacii.mk , со задоволство Ве известуваат дека на Google Play store и Apple App store објавена е МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ДОНАЦИИ достапна за сите телефони кои имаат Android или IOS оперативен систем.
Апликацијата ги прикажува сите активни апели за помош за лекување за кои има донациски броеви и овозможува БРЗО и ЕДНОСТАВНО донирање. Корисна е за сите оние кои сакаат да донираат некому а не знаат кој има потреба од помош или имаат потешкотии да се снајдат со сите апели и точните броеви за донации.
Апликациите можат да се симнат на следните линкови:
Со само еден повик да помогнеме онаму каде помошта е најпотребна!
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.
5 коментари