Апел за помош на Никола Новоселски

25

32 Годишниот Никола Новоселски од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сеуште се опоравува.

Се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици и се уште се наоѓа во коматозна состојба, без можност да се движи и зборува.

По краткото неуспешно лекување во клиниките низ Македонија, беше пуштен на домашно лекување во видно влошена здравствена состојба по што следуваше макотрпна секојдневна борба на неговите најблиски да му овозможат адекватна нега и лекување во домаши услови и на свој трошок.

Борбата трае четири години, но за да да се подобри состојбата во која се наоѓа неопходно е лекување во странство односно пресадување на матични клетки во клиниката Неуровита во Русија.

За жал, истото тоа лекување чини околу 7.500 евра, трошоци кои семејството не е во можност да ги покрие.

Затоа од се срце упатуваме апел до сите хумани луѓе, во рамките на нивните можности да донираат средства и да му помогнат на Никола да успее во својата борба и да бидат поттик на неговата храброст и истрајност.

Донациски број за донации од мрежата на Телеком: 070 143-303

Донациски број за донации од мрежата на ВИП: 143-475

Жиро с-ка:         210501677843484 НЛБ Тутунска Банка

Девизна с-ка:   Mara Novoselska
Br. 103 Murtino
IBAN Code – МК07210501677843484
SWIFT – TUTNMK22

 

Преземено од фб

Донирајте брзо и едноставно од Вашите телефони преку мобилната апликација Донации за Android и IOS.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење