Апел за помош на Јован Андреески

0

Први август. Прекрасен ден на плажа со најмилите. За 5 минути се смени сè, слика каде го гледаш своето дете да се бори за живот, а не можеш ништо да сториш. Дијагностицирана животнозагрозувачка повреда – скршен 5-ти вратен пршлен.

За кратко време, итно пренесено во Систина, каде е извршена тешка и сериозна операција. Одземеност на рацете, нозете и проблеми со дишењето е последица од повредата. Бидејќи борбата за Јован допрва започнува, а досегашното лекување надмина 20.000 евра за овие неколку дена и секој нареден ден изнесува 550 евра, родителите молат за помош.

Да помогнеме Јован повторно да застане на нозе и да го продолжи детството како што заслужува секое дете.

Сите хумани граѓани, компании, здруженија и организации кои сакаат да помогнат во рамките на своите можности, тоа можат да го сторат на некој од следните начини:

Броеви за донација:

A1 – 143 460
Телеком – 143 117

Хуманитарна жиро сметка: 210 – 700000666623 НЛБ Банка (донации од Македонија)

Девизна хуманитарна жиро сметка: МК07210501751597434, SWIFT TUTNMK22 (донации од странство)

Ви благодариме!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење