Апел за помош на Анастасија Митевска

0

Анастасија Митевска е 19 годишна девојка, дијагностицирана со Аутистичен Спектрум и има потреба од наша помош да ја оствари својата единствена желба. Благодарение на достигнувањата во медицината, постои интервенција која има голем процент на успешност во лекување на овој проблем, кој што ќе и овозможи на Анастасија, подобрување на нејзините психофизички способности.
Постапката се изведува во Cell Therapy Center EmCell, Киев, Украина и се состои од вбризгување на stem cells во телото, кои го третираат оштетениот дел на мозокот. Самиот процес е доста скап и за истиот се потребни $12000 американски долари, сума која нејзините родители треба да ја обезбедат и најверојатно ќе треба да се повтори. Затоа, во името на Анастасија и нејзините родители, Горан и Татјана Митевски, Ве замолувам, секако доколку сте во можност, да помогнеме во прибирање на потребните средства. Вашите донации се чекор поблиску до целта, а споделувањето на овој линк два чекора, па доколку не сте во можност да донирате, Ве молам да ја споделит оваа сторијата за Анастасија со вашите пријатели. Донации преку www.gofundme.com

Телефонски број за донации преку мрежата на Телеком: 070 143-132

Телефонски број за донации преку мрежата на А1: 077 143-550

 

Преземено од GoFundMe, А1 и Телеком.

Донирајте брзо и едноставно од Вашите телефони преку мобилната апликација Донации за Android и IOS.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење