Хуманитарна акција “Биди и ти нечиј Дедо Мраз”

1

Почитувани хумани граѓани,

Акцијата ,,Биди и ти нечиј Дедо Мраз, бидејќи празниците се за секого” ја прошируваме и за детската соба на оделот на Неврохирургија.
Ние сме на ред, просторот да го направиме едно пристојно место за претстој каде што дечињата и нивните родители ќе се чувствуваат прекрасно.
За таа цел би Ве замолиле за донации од:

– чаршавчиња за детски кревети (детска постелнина)
– кебиња
– јоргани
– перници
– шкавчиња
– креветчиња
– играчки…

Со еден збор сето она што е потребно за пристоен престој во болница.

За сите дополнителни информации може да ги контактирате:
Соња | ‭071981011‬
Дарко | ‭070468200‬
Владо | 071214524

Ви благодариме од сè срце на сите кои се вклучувате во нашата акција!

Со почит,
Коалиција Боите на животот

Превземено од Коалиција Боите на животот

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење