Хуманитарен концерт за Гоце

6

Кога? – 31.05.2017, во 20 часот

Каде? – Дом на АРМ, Скопје

ФБ настан

Мисијата продолжува…
Да бидеме хумани и да помогнеме!

За Гоце

Хуманитарен концерт наменет за собирање финансиски средства за лекување на 13-годишниот Гоце Марковски кој неуморно се бори за својот живот. Гоце е интелигентно и талентирано момче. Тој е, исто така, професионален пливач – шампион во техниката на пеперутка. Покрај тоа, свири пијано и зборува повеќе јазици.
Гоце беше опериран од тумор на мозокот (Glioblastoma Multiforme) во Декември минатата година. Бидејќи лекувањето ќе мора да продолжи, неопходна е дополнителна помош за покривање на сите трошоци за постоперативно лекување во износ од 50.000 евра.

Имено, освен вкупниот приход од продадените билети , исто така, ќе бидат поставени и донациски кутии каде што посетителите ќе можат да донираат дополнителни средства за Гоце, согласно со своите можности.

Мотото на овој концерт е: ” Чакона и пасакаља се како мисла и надеж, студени улици кои водат кон патот на заштитени приказни проткаени од еден клуч кој се вика ЉУБОВ ”

Донациите може да ги уплатите на жиро сметка (денарска): ‎‎530500020219122 при Охридска банка , жиро сметка (девизна): IBAN: МК075 ‎‎3028 0005214009, SWIFT: OHRDMK22, или да донирате со повикување на донациски број, за корисниците на Телеком: 143-122, а за корисниците на Оне.ВИП: 143-487.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Елена, на Одговори

    Site mozeme da go podrzeme. Bidi silo angelce, milo….