Дино Имери – Хуманитарен Концерт

4

Преземено од фб.

Кога: 27.05.2017 год., од 20:00ч до 21:00ч

Каде: Македонска Опера и Балет

Ексклузивен едно-часовен рецитал на младиот виртуоз на пијаното – Дино Имери со познати дела од Л. ван Бетовен и Ф. Лист..

Концертот е со хуманитарен карактер, а целта е собирање на парични средства за понатамошно лекување во странство на младиот пијанист-ученик Никола Алексовски. Сите хумани граѓани ќе можат да донираат преку купување на билет со симболична цена, на лице место, но и преку трансакциската сметка на неговата мајка:

Елизабета Алексовска
3000070850538
Комерцијална Банка АД Скопје

Дино ИМЕРИ (1990) е еден од најперспективните македонски пијанисти. Своето образование го стекнува кај професорите Људмила и Борис Романови, како и светски афирмираниот Симон Трпчески.
Гостува на најпознатите европски концертни подиуми, а во неодамнешните успеси ги вбројуваме неговите настапи со Софискиот Филхармониски Оркестар, Стразбуршката Филхармонија, Македонска Филхармонија, но и настапи во Ватрослав Лисински-Загреб, Замок Естерхази-Австрија..

Добитник е на наградата Виртуози за Млад Музички Уметник, а остварува соработка со видни домашни и странски музичари меѓу кои: Емил Табаков, Саша Николовски, Благој Нацоски, Најден Тодоров, Ана & Игор Дурловски, Борјан Цанев, Јосеп Висент, Луиџи Скифано, Либуше Санторисова, Алексеј Шаповалов..

За повеќе информации: www.dinoimeri.com ; mob.mk ;

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење