Проект за набавка на матурски аутфит „Среќно матуранти“

3

Се ближат денови за прославување, денови кога сите матуранти/ки, полуматуранти/ки, апсолвент/ки сакаат да заблескаат. За жал НЕ СИТЕ можат да си го дозволат тоа…Но, одличната вест е дека ја имаме честа како и минатата година да бидеме причина за вашата радост, да помогнеме да заблескате во полн сјај. Проект среќа и оваа година е со Вас! Сите кои што не можете да си дозволите убава гардероба, шминка, фризура а и сите кои би сакале да помогнете со донирање на свечена гардероба, шминка, чевли, фризура за да усреќите некого заедно со нас можете да ме исконтактирате во “inbox” или на тел: 078/ 223-095. Ве очекуваме!

Facebook контакт:  Проект Среќа

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење