Апел за помош на Јана Арсовска

10

Ви се обраќаме со апел за хуманост, со молба за донирање надеж, со желба заеднички да и дадеме сила и поддршка на храбрата Јана Арсовска од Охрид.

ПАТОТ ДОСЕГА…
========================================

Јана веќе петта година храбро се бори со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе.

После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување. После две трансплатации на коскена срж, состојбата е следна: во нејзиното тело по втората трансплатација се уште имаше (под 1% во јануари 2019) малигни клетки на реткиот тумор.

======================================================
ИТНАТА ПРЕПОРАКА ОД ГЕРМАНИЈА НЕ БЕШЕ ИТНО УСВОЕНА
======================================================

Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана која по децениски истражувања низ целиот свет покажала резултати и станал дел од протоколите за лекување на оваа болест во огромен број земји во светот, чиј број се зголемува постојано.

Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаат премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата оди со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.

========================================
ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА, ХУМАНОСТА ЌЕ ПОБЕДИ
========================================

Имајќи предвид дека секој ден, секој миг е значаен, ние, семејството и пријателите на Јана, се одлучивме дека НЕ СМЕЕМЕ ПОВЕЌЕ ДА ЧЕКАМЕ и дека мора да започнеме голема акција со која секој од нас ќе донира малку, но тоа на крај за Јана ќе е исклучително многу.

И притоа, под малку или многу, не мислиме на парите кои се донираат. За некого 100 денари значат доста, за некого се кусур кој е незабележлив. Но, гестот да се помогне на човек кој храбро со години се бори со тешка и опасна болест едноставно нема цена. Чувството дека само кога им помагаме на другите сме навистина живи со целиот наш потенцијал, хумани и грижливи едни за други, е одлика на сите добри луѓе со огромни срца низ целиот свет.

Затоа, иако сумата која треба да се собере за лекувањето во клиниката „Ст. Жоан де Деу“ во Барселона, која прифати да ја лекува јана, не е мала (213.329 €), УБЕДЕНИ сме како во ништо досега, дека собирањето на овие средства е возможно и дека ќе го сториме тоа, сите заедно, сите како еден – за храбрата и силна Јана.

=========================================
ПАТОТ НЕ Е ЛЕСЕН, НО СИГУРНО ЌЕ УСПЕЕМЕ!

Да помогнеме!

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 (екс ВИП) 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија:

gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

Адресата на Јана, за банкарските трансакции е:
Јана Арсовска, ул. Ѓорче Петров 14 г, 6000 Охрид, Македонија

 

Донирајте брзо и едноставно од Вашите телефони преку мобилната апликација Донации за Android и IOS.

Превземено од фб.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење