Апел за помош за семејството Јовановски

3

Семејството Јовановски од нас. 11 Октомври од Скопје брои тројца членови. Таткото, мајката и седумгодишниот Давид живеат во многу тешки услови, веќе трета година без струја и една година без вода. Куќата е во многу лоша ситуација, дворот е претворен во отпад на секундарни материјали каде што таткото Ласте ги собира со цел да ги продаде и да обезбеди парични средства за храна.

Давид треба да тргне во прво одделение и потребно му е ранец, облека и целокупен школски прибор. На семејството им се потребни парични средства за да ги платат долговите за неплатените сметки и да имаат за храна.

Секој кој сака да му помогне на ова семејство со парични средства, тоа може да го направи на следната сметка:

210501655219786
НЛБ ТУТУНСКА БАНКА
Ласте Јовановски

Превземено од facebook

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење