Апел за помош на Виолета Митрикеска

4

Почитувани хуманисти, добри луѓе,
Би сакала да се обратиме до сите Вас со добивање на разбирање и финансиска помош.
Се однесува за нашата мајка која веќе 4 години се бори со канцер на абдомен. Од 2013 до сега се направени 3 операции, а ќе следува и 4та. Типот на туморот е специфичен и редок и постојано се повторува. Помина неколку циклуси на хемотерапија, ќе следува и нареден циклус. Процесот на лекување e долготраен и многу чини финансиски. Сите лекарства, терапија и суплементи чинат околу 60евра по ден или околу 1800 евра месечно. Замолуваме за финансиска помош и се обраќаме до сите Вас добронамерници кои би ни помогнале во процесот на понатамошното лекување.
Сите информации и препораки кои би ни помогнале ни се добредојдени!

Сметка за донации:
Комерцијална банка

Митрикеска Виолета
300021000008925

Однапред благодариме,
Александар Митрикески
Викторија Митрикеска

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење