Апел за помош на Виктор Видоевиќ

5

Виктор Видоевиќ има 2 години. На 6-месечна возраст, му била констатирана дијагноза: G 80 церебрална парализа – хипотонична. Виктор не зборува, не седи и не оди, има груба моторикa, но психички е здрав. Упатуван е на физикална терапија за јакнење на мускулатурата во Македонија и во Црна Гора, на приватен физиотерапевт, но тоа не покажало никакви резултати. Семејството дознало за специјализираната болница за вакви болести, Ренона рехабилитација (Renona Rehabilitation) во Австрија, каде од септември 2018 година, Виктор треба да започне со третман. За лекувањето, потребно е да се обезбедат средства во износ од 600.000 денари. Да помогнеме!

Телефонски број за донации од мрежата на Телеком: 070 143-131

Телефонски број за донации од мрежата на ВИП: 143 465

Донирајте брзо и едноставно од Вашите телефони преку мобилната апликација Донации за Android и IOS.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Александар Колев, на Одговори

    Жиро сметка?