Апел за помош на Тео Богоевски

3

На 25-годишниот Теодор Богоевски, најголема желба му е да биде среќен, а дружбата со пријатели во слободното време е нешто што му причинува најголемо задоволство. Тео вели дека инвалидската количка е дел од него веќе девет години, но тој има потреба од количка која може да ја вози и низ скопските улици и која чини 13.000 евра, пари кои не може да ги собере сам.

Тео студира на Правниот факултет, а благодарение на помошта на пријателите се движи и оди на предавања и испити.

„Ќе те пратат да земеш горе или доле индекс. Значи треба да има човек со мене. Досега тоа го правам со најблиските, со другари и се договарам со професорите лично. Од нивна страна сум задоволен, но системот и не е функционален. На пример во петокот полагав и нема како да стигнам до предниот дел до рампата“, вели Теодор.

Најголемата желба на Тео е да може сам да се движи низ скопските улица, а со новата количка нема да мора да има постојано придружба со него. Новата количка чини 13.000 евра. Сите што сакаат да му помогнат на Тео можат да донираат на:

143-467 за корисници на Оне.ВИП

070 143-107 за корисници на Телеком

Трансакциска сметка
Теодор Богоевски
300 0010000247 37
Комерцијална банка

Девизна сметка
Аcc n° 02-307-0498464.8
IBAN MK07300307049846434
SWIFT KOBSMK2X

Или донирајте online на следниот линк

https://www.gofundme.com/teos-new-wheelchair

Превземено од фб и тв21

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење