Апел за помош на Сузе и нејзиното семејство

7

„Еве денес немаме ни леб да јадеме, ако може барем некој еден мал пакет со храна да ни даде, не бараме многу. Сите тројца сме невработени, работа да ни даде некој…“ со солзи, вака го започна разговорот Сузе од скопската населба Аеродром.

Таа живее со сопругот и осумнаесет годишниот син кој е болен од аутизам. Животот ги турнал на колена, а болеста на синот и невработеноста дополнително го прави секој ден се потежок и помизерен. Живеат во трошна куќичка, неколку пати ја преправаат поради тоа што се распаѓа. Месецот, ако може така да се каже, го живеат со 2 300 денари социјална помош и 4 300 денари додаток за синот. Тие пари не стасуваат ни за лекови и сметки, камо ли за леб или нешто друго.

Сузе апелира до сите компании, институции и луѓе кои се во можност и сакаат да им помогнат, барем со скромен пакет од храна и облека.

„Како секоја мајка сакам и јас моето дете да има колку толку нормални услови, да има леб да јаде и да биде облечено. На рака перам, немам ни машина за перење, но најважно е да има леб и облека. Ако некој има потреба од работна сила нека не исконтактира…“, додава Сузе.

Exclusive.mk со АПЕЛ до сите добро намерни луѓе, заедно да им помогнеме и тие да живеат како секој нормален човек.

Доколку сте во можност да донирате, било на кој начин, исконтактирајте ја Сузе на телефон: 077-970-546

Во текот на следната недела, ќе се обидеме да изготвиме и видео прилог со цел светлината на денот и радоста на животот што побрзо да стаса и во семејството на Сузе од скопски Аеродром.

Превземено од Exclusive.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Маријана, на Одговори

    Ke ve zamolam za adresa od gospogjata Suze za da moze I da se donira pomos ,bidejki na tel broj e nedostapna .vi blagodaram odnapred