Апел за помош на Сузана Настоска

5

Сузана Настоска веќе 12 години боледува од повеќе болести, меѓу кои : срце, шеќерна болест, асма, тироидна жлезда, покачен крвен притисок и проблем со нервите. Има направено 6 операции на градата, рак на матка, врадување на вештачко колено, операција на жолчка и тумор на стомак, поради што сега моментално и тешко се движи.

Моментално е без никакви примања и не е работно способна, а малата плата на нејзиниот сопруг не е доволна за да се подмират трошоците за лекови и кредитот од долгот за поранешните операции, а наскоро ќе мора да оди уште не една интервенција.

Замолува за помош!

Доколку сте во можност донирајте на сметка: 200 0018979746 45, Стопанска банка АД, Настоска Сузана

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење