Апел за помош на Стојанка Јовановиќ и нејзиното семејство

10

Стојанка Јовановиќ е мајка на три дечиња. Таа има поставен стент на срце, нејзината ќеркичка има проблеми со опаѓање на ноктите од прстите на нозете. Стојанка не е во можност да ги зема потребните нејзини лекови, а не се во можност ни да отидат на прегледи за поставување на дијагноза и лекување на ќеркичката… Двете машки деца одат на училиште, но девојчето не е во можност поради нејзината состојба со нозете. Ова семејство зема социјална помош од две илјади денари, а со тоа не може да ги обезбеди потребните услови за живот.

Ве замолуваме, да помогнеме.

Можете да донирате преку следната трансакциска сметка:

210501581824639 NLB Banka на име на Стојанка Јовановиќ

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење