Апел за помош на семејството Ристоски

5

Горан и Благородна Ристоски од Копанце се родители на четири деца. Едното им починало во февруари годинава а друго не живее со нив. Сега живеат со синот и ќерката и со таткото на Горан во крајно неповолни услови, заборавени од државата. Мајката и ќерката и двете страдаат од епилепсија и секојдневно примаат лекови кои за нив за скапи. Горан е невработен и нив итно им е потребна помош за барем малку да му се насмевнат на животот.

За сите донации контактирајте ја Габи Јаковска на телефон 078 223 095.

Да му помогнеме на семејството!

Превземено од Нова ТВ

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење