Апел за помош на семејството Петрушевски

2

Беда и сиромаштија владее во домот на семејството Петрушевски, на ул Џон Кенеди во скопската населба Чаир. Три члено семејство кое е препуштено на милост и немилост. Без храна и во руинирана соба и тоалет од кој се шират зарази, семејството се моли да го преживее секој нареден ден.

До солзи во очите и очај, пред нашиот објектив раскажуваа за животот кој го живеат. До неодамна живееле од социјална помош, а сега и тоа им е укинато.

Семејството Петрушевски едвај составува крај со крај. Иако се со здравствени проблеми, живеат без социјална помош, преживуваат чистејќи по влезовите.

Семејството моли до надлежните институции и хуманите луѓе за помош. Се е добредојдено во овој мизерен дом.

Да помогнеме !!

Контакт телефон за оние кои сакаат да помогнат на ова семејство: 076/566-384.

Трансакциска сметка за донации:

21050-1620-5117.31

НЛБ Тутунска Банка

Петрушевска Бојка

Сторијата ја пренесува СИТЕЛ Телевизија.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење