Апел за помош на семејството Костадиноски

2

Голем број хумани граѓани пројавија интерес за да помогнат на семејството Костадиноски од Скопски Припор после обавата дека без струја живеат повеќе од шест години и на температури над 40-тиот степен мора да запалат оган за да стоплат вода или да зготват нешто за јадење. Кога ќе се стемни седат на свеќа. Во вакви услови основното училиште го завршил 15-годишниот син на Даниела.

Долгот за електрична енергија со камата им достигнал близу половина милион денари. А една третина од платата на Даниела кој изнесува 10.000 денари преку извршители и се одбива за вода која исто така подолго време и била исклучена. Сопругот нема постојана работа, а таа се вработила пред 1 година. Здравјето и се нарушило од секојдневната борба за живот.

Поради големиот интерес на хуманите луѓе да помогнат истото можат да го сторат на следната трансакциска сметка:

300 007027670 018
Даниела Костадиноска
Комерцијална банка АД Скопје

 

Превземено од Старт.мк

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење