Апел за помош на семејството Бајрами

3

Осумчленото семејство Бајрами  е веќе 5 години на улица. Неколку пати се сместувале во различни напуштени куќи, но секогаш некој ги бркал од таму. За семејството Бајрами најсигурното место остана автобомилот.

Најмалото дете на семејството има само 3 недели, додека најстарото 13 години. Децата не се запишани ниту во училиште. Нивниот татко вели дека нема услови да ги школува.

Мајката на децата раскажува за секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Таа вели дека нејзините деца  веќе 3 недели не се бањати.

Најголемиот предизвик за ова семејство е зимската сезона. Гулџан раскажува како се справувале со студеното време.

Сторијата за семејството Бајрами ја пренесува ТВ 21.

Да помогнеме !! Телефон за контакт:  075881884.

Трансакциска сметка за донации:   210 5016561170 36

НЛБ Тутунска Банка Скопје

Гулџан Идризова

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење