Апел за помош на семејство од село Градиште

4

Превземено од Телеграф.мк

Она што било благослов за Добре и за Василка, да добијат три дечиња по 20 години брак без деца, се претвори во очај затоа што не можат да ги нахранат ниту да ги лекуваат откако пред четири години останале без социјалната помош поради, како што вели Добре, илјада денари субвенции што му стигнале на сметка

Ниту куќа може да се каже за местото каде што јадат и спијат, ниту живот може да се нарече она што го тргаат три мали деца од кумановското село Градиште. Само беда, до толку што нема струја, вода и што е најстрашно – нема ниту леб за Ангела и за Ивана, девојчиња на 5 и 6 години, и двегодишниот Јован.

Тројцата се благословот што Добре и Василка го добиле по 20 години брак без деца.

Ивана, Ангела и Јован, деца на возраст од две до шест години, живеат во супстандарни услови, во една соба, без струја и вода, а често и без храна.

Сите што сакаа да донираат пари за сиромашното семејство на Добре од кумановското село Градиште сега можат да го направат тоа на сметката отворена за оваа намена, што ја објавуваме на крајот на текстот.

Можете да донирате на оваа сметка:

Василка Лазаровска

Куманово

број на сметка: 270-700042551521  HALKBANK

SWIFT CODE EXPCMK22XXX

БУЛ. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб

1000 Скопје

Телефонскиот број на Добре е 078 726 599

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење