Апел за помош на семејство Крстевски

2

Фросина е мајка на две годишно детенце со кое живее во трошната куќа од 16 м2 на своите родители во која едвај има основни услови за живот.

Само мал дел од куќата е цврста градба, додека остатокот е додаден од церади и мушами, подложно на влага, со таван кој почнува да се руши.

Овие услови не се соодветни за на тоа место да живее четиричлено семејство вклучително и мало дете, а од целото семејство има само еден вработен, со минимална плата која ни од далеку не е доволна да се прехрани семејството.

Семејството не бара повеќе од минимални услови за живот и затоа молат за било каква помош која ќе го подобри просторот во кој секојдневно живее семејството со малото дете.

Секоја помош која ќе го реши или подобри нивното станбено прашање е добредојдена, вклучително и донации на градежни материјали, а сите кои не можат да помогнат на тој начин, а сепак сакаат да помогнат на ова семејство, тоа можат да го сторат и со донација на сметката на мајката на Фросина, Убавка Крстевска, 210 5017043254 54, НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

Да помогнеме едно двегодишно детенце да живее во пристојни услови за живот.

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење